Производство на кефир

Производство на кефир

Опис на производот

Кефирот е традиционален ферментиран млечен производ кој се добива со помош на кефирни зрна, богати со млечно-киселински бактерии и квасци.

Потребни суровини

  • Свежо кравјо млеко
  • Кефирни зрна (стартер култура)

Подготовка на млекото

Млекото се пастеризира и се лади до 20°C.

Ферментација

Во млекото се додаваат кефирни зрна во однос 1 дел зрна : 10–15 делови млеко.
Сместата се остава да ферментира 24 часа на температура од околу 22°C, додека млекото не се згусне.

Одвојување и нега на зрната

По ферментацијата, кефирните зрна се одвојуваат со пластична цедалка, се испираат со превриена и изладена вода и се проверуваат.
Здравите зрна повторно се користат за нова ферментација.

Дозревање

Процедениот кефир се полни во шишиња и дозрева во фрижидер 24–48 часа на 10–15°C, при што добива лесна пенливост и карактеристичен вкус.

Наш совет

Користете здрави и активни кефирни зрна. Редовно проверувајте ги и отстранувајте зрна со променета боја или слузеста структура.

Почитувајте го односот 1 дел кефирни зрна : 10–15 делови млеко за да обезбедите правилна ферментација и балансиран вкус.

Одржувајте температура од 20–22°C за време на ферментацијата.
– Под 20°C се создава повеќе алкохол и CO₂
– Над 22–24°C кефирот може да стане прекумерно кисел

По ферментацијата, задолжително исперете ги зрната со превриена и изладена вода за да ја зачувате нивната активност и да спречите контаминација.

Дозревањето во фрижидер (24–48 часа) ја подобрува структурата и создава природна пенливост.

За продажба „од праг“, обрнете внимание на:

  • хигиенски услови
  • ладен ланец на чување
  • правилно декларирање на производот

Советодавна ви нуди стручна поддршка за подобрување на технологијата, стабилноста на производот и подготовка за легален пласман на пазарот.