10 иновативни решенија што може да го менуваат начинот на кој земјоделците произведуваат, транспортираат, складираат и управуваат со нивните производи.
До 2050 година се очекува побарувачката на храна да се зголеми за 70%, во согласност со брзиот раст на населението. Студија на ОН покажа дека околу 9,9% од светското население гладува, така што помислата да се нахрани речиси 10 милијарди популација е застрашувачка перспектива. Со интезивирањето на климатските промени кои тешко се предвидуваат, мора да се свртиме кон иновациите во земјоделската технологија.
За среќа, знаците досега нудат надеж. Не треба да чекаме три децении за да видиме како иновативните земјоделски решенија можат да влијаат на човечкиот живот во иднина.
Следно ќе преставиме 10 иновативни технологии што го менуваат начинот на кој земјоделците произведуваат, транспортираат, складираат и управуваат со нивните производи.
1.Векторинг технологија на одгледување на пчели (БВТ)
Пчелите се инсекти од суштинско значење за опстанокот на човекот. Има зголемена понуда на иновации во опрема која може да помогне во заштитата на пчелите и да се максимизираат нивните способности за опрашување.
Оваа иновативна технологија се спроведува со комерцијално одгледувани пчели. Со неа се обезбедува контрола на земјоделските култури преку опрашување, заменувајќи ги хемиските пестициди со еколошки безбеден систем за заштита на културите.
Системот не бара прскање вода или употреба на трактори. Наместо тоа, специјализирано дизајнираната кошница за бумбари им овозможува на пчелите да соберат полен на нивните нозе од површините кои се под растенија. На тој начин се прави контрола на штетниците.
Оваа иновација овозможува одржливо земјоделство, подобрен принос на култури и подобрување на квалитетот на почвата. Решението на овој систем е погодно за многу култури, вклучувајќи долгогодишни насади и градинарски култури. Исто така е применлив и кај мали и кај големи земјоделски стопанства.
2.Прецизно земјоделство
Прецизното земјоделство е стратегија за управување со земјоделски ресурси. Таа собира, обработува, евалуира податоци. Нуди можност да им помогне на земјоделските производители да го оптимизираат и зголемат квалитетот и продуктивноста на почвата.
Пресметката се прави на прецизни точки за земјоделски податоци. Се овозможува подобрување на обработливото земјиште и земјоделските производи во неколку клучни области:
- Ефикасност на користење на ресурсите
- Одржливост
- Профитабилност
- Продуктивност
- Квалитет
Оваа иновација во земјоделската технологија користи многу податоци за да им помогне во одлуките на земјоделците за управување. Им овозможува да ги контролираат променливите услови на културите како што се нивото на влага, состојбата на почвата и микроклимата за да го максимизираат резултатот. Прецизното земјоделство се базира на системи за далечинско набљудување, беспилотни летала, роботика и автоматизација. Целта е да ја подобри кондицијата и здравјето на културите и да ги оптимизира земјоделските ресурси, што доведува до поголема продуктивност.
Зголемената употреба на системи за прецизно земјоделство ќе придонесе кон ефикасно следење на состојбата на културите и поттикнување на растот на пазарот.
3.Вертикално земјоделство во контролирани услови
Просечниот принос кај одредена култура е тесно поврзан со површината на која ја одгледуваме истата . Сепак, земјоделските производители не мора да се соочат со ова ограничување кога користат вертикално земјоделство во затворен простор. Овој систем на вертикално земјоделство се прави со одгледување на земјоделски производи наредени еден над друг во затворена и контролирана средина. Технологијата користи висечки полици (контејнери). Тие се монтирани вертикално за да се зголеми приносот на култури во ограничен простор. Доста често, полиците (контејнери) не бараат почва – тие може да се хидропонични или аеропонични:
Хидропониката е процес со која се одгледуваат растенија во вода и хранливи материи.
Аеропониката е процес на одгледување на растенијата со емитери со наизменично распрскување на вода и хранливи материи во воздухот. Не се употреба на почва или друг медиум.
Вертикалните фарми им овозможуваат на производителите да ги контролираат условите како што се светлината, температурата, водата, а понекогаш и нивото на јаглерод диоксид, овозможувајќи им да добијат здрави растенија и поголеми приноси.
Други придобивки од оваа технологија се 70% помалата употреба на вода. Се штеди на енергија како и на трошоци за работна сила. Се применуваат роботи за берба и садење.
4.Технологии во сточарството
Новите технологии во сточарството им овозможуваат на фармерите сознанија засновани на податоци, овозможувајќи им да го усовршат управувањето со фармата, да ја подобрат грижата за животните и да ја зголемат продуктивноста.
Еве некои од многуте иновации кои го редефинираат сточарството:
Автоматските измолзилишта ги молзат кравите автоматски без човечка интервенција, а сензорите за млеко исто така им помагаат на фармерите да го следат квалитетот на млекото.
Автоматските системи за чистење го отстрануваат отпадот, што овозможува чисти фарми без болести.
Автоматските системи за хранење им обезбедуваат на животните мешавини за хранење приспособени на нивните специфични потреби и во вистинска количина.
Овие системи користат роботика, интелигенција и многу податоци за да ја зголемат благосостојбата на животните и продуктивноста на фармата.
5.Ласерски плашила
Досадните птици или глодарите можат да бидат закана за одгледувањето на земјоделски култури на отворено поле. Во минатото, земјоделците се потпираа на традиционалните страшила за да ги одвратат гладните напаѓачи. Но, денес, сопствениците и менаџерите на фармите се ориентираат кон високотехнолошки уреди со сензори за движење за да ги спречат птиците да ги уништуваат земјоделските култури.
Откако е откриено дека птиците се чувствителни на зелената боја, истражувач помогнал да се дизајнира ласерско страшило, кое проектира зелена ласерска светлина. Светлината не е видлива за луѓето.Може да заштити 200м2 од полето за да ги заплаши птиците пред да ги уништат посевите.
Тестови со ласерски страшила открија дека уредите можат да ги минимизираат штетите на земјоделските култури со намалување на популацијата на птици околу обработливото земјиште со 70% до 90%.
6.Автоматизација на фарма
Автоматизацијата на фармите ги спојува земјоделските машини, компјутерските системи, електрониката, хемиските сензори и управувањето со податоци. Ја подобрува работата на опремата и донесувањето одлуки, и на крајот, го намалува човечкиот труд и грешки.
Намаленото работно време , повисоките приноси и ефикасното користење на ресурсите го поттикнуваат модерниот производител да користи технологијата во големи размери. Земјоделците сега користат автоматизирани машини за жетва, беспилотни летала, автономни трактори со автоматско сеење и плевење. Го трансформираат начинот на кој ги одгледуваат своите посеви.
Автоматизацијата на фармите може да им помогне на вработените да заштедат време. Технологијата ја намалува потребата од луѓето активно да учествуваат во некоја задача. Благодарение на автоматизацијата, повеќето фармери ќе имаат повеќе време за себе и за своите семејства.
7.Кинематичка технологија во реално време
Спроведувањето на систем за контролиран сообраќај бара точни податоци, кои се речиси невозможни со традиционалните GPS системи.
Кинематичката технологијата во реално време може да обезбеди прецизност до сантиметар, што им овозможува на земјоделците прецизно да ги мапираат нивните полиња и трајно да ја ограничат земјоделската механизација на истата трага. Овој систем ги пренесува точните информации за позиционирање на механизацијата со радио сигнал, овозможувајќи им да останат на вистинскиот пат додека се движат. Оваа иновација ја подобрува плодноста и продуктивноста на почвата, зголемувајќи го производството со помали инпути.
8.Технологија на минихромозомите
Губењето на приносот од штетници е голем проблем бидејќи глобалната популација расте и е потребно се повеќе храна.
Генетски модифицираната храна се намали во последните години, со студии кои сугерираат дека може да биде поврзана со алергиски реакции или да вклучува штетни токсини кои можат да ги изложат луѓето на здравствени ризици. Друго прашање е што генетски модифицираното производството на храна може да го наруши природниот биодиверзитет или да ослободи токсини во почвата.
За среќа, на хоризонтот има надеж. Земјоделските генетичари можат да применат технологија на минихромозом за да ги подобрат карактеристиките на растението без да ги менуваат гените на кој било начин. Бидејќи минихромозомите содржат мали количини на генетски материјал, можно е да се користи оваа технологија за да се направат растенијата потолерантни на суша или отпорни на штетници без да се меша со природниот развој на домаќинот.
Накратко, минихромозомската технологија им овозможува на генетските инженери да создаваат култури за кои се потребни помалку пестициди, фунгициди и ѓубрива, намалувајќи ја зависноста од штетните хемикалии. Исто така, им овозможува да постигнат био-зајакнување и да ја подобрат хранливата содржина на растението.
9.Софтвер за управување со фарма
Многу фармери имаат проблем за следење на сите операџии при управувањето со земјоделското стопанство. Колку е поголема фармата, толку е позастрашувачко да се надгледуваат сите операции. Но, денес постои апликација за речиси се вклучително и управување со фармата.
Софтверот за управување со фарми е интегрирана платформа која обезбедува податоци и информации во реално време, како дигитална листа за проверка, за да им помогне на земјоделците да ги следат секојдневните активности. Со овој софтвер за следење и известување, земјоделците можат да го подобрат одлучувањето во текот на сите операции.
Совтверските решенија за планирање на ресурси на стопанството, им овозможува на фармите да ги насочат своите процеси и овозможува беспрекорна работа. Тоа им овозможува на корисниците да управуваат со набавките, синџирот на снабдување, финансиите и обработката на податоци од едно место.
Оваа иновација во земјоделската технологија ќе продолжи да напредува бидејќи уредите со интернет стануваат сеприсутни. Во иднина софтверите за управување со фарма ќе бидат се повеќе користени.
10.Технологија за управување со вода
Наводнувањето е основен метод за обезбедување вода на сушните места кои обично немаат доволно врнежи и се потребни за обработка на земјиштето. Сепак, иако ова е клучен аспект на земјоделството денес, многу земјоделци сеуште ги наводнуваат нивните површини со непотребно големи количини вода (поплавување) на ист начин како што тоа го правеле во минатото.
На овој начин се троши многу повеќе од вода од потребите на растението, што влијае на неговиот раст. Исто така, наводнувањето со поплавување може да носи вишок ѓубрива во реките и езерата, загадувајќи ги изворите на слатката вода.
Иновациите и технологијата во земјоделството им нудат на земјоделците поодржливи начини да обезбедат доволно вода за растенијата. Микросистемите за наводнување капка по капка, овозможуваат водата полека да капи до корените на растенијата, создавајќи вистинска средина за развој на културите. Технологијата значително ја намалува потрошувачката на вода и го подобрува квалитетот на културите.
Заклучок
Во доба каде што загриженоста за животната средина и стравовите од климатските промени се на највисоко ниво, одржливото земјоделство е решение. Нашето население расте, а зголемениот недостиг на храна и вода претставува значајна закана за човештвото. Но, додека многу земјоделски стратегии застојуваат и отстапуваат, стартапите за земјоделска технологија се зафатени со преземање акција.
Од напредокот во прецизното земјоделство до автоматизацијата на фармите, генетиката и технологијата за управување со вода, иновациите во земјоделската технологија обезбедуваат средства за попаметно, побезбедно и попродуктивно земјоделство.
Додека се поврзувате со експерти, корпорации и заедници во индустријата, можете да ги следите најновите трендови и земјоделски технологии за да го трансформирате вашиот бизнис и иднината на нашиот свет.
Подготвени сте да ги искористите најновите иновации во земјоделството? Придружете се на www.sovetodavna.mk за да најдете партнери, да ги прифатите трендовите и да го зголемите вашиот профит.
СЦЗРР