Исплатени над 1 милијарда денари за поддршка на овчарството

Исплатени над 1 милијарда денари за поддршка на овчарството

Во рамки на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој изврши исплата во вкупен износ од 1.021.527.000 денари кон 2.139 одгледувачи на овци.

Средствата се однесуваат на мерката 2.6 – директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци, со што се обезбедува значајна финансиска поддршка за развој и унапредување на овчарството во државата.

Оваа мерка е насочена кон земјоделски стопанства кои:

  • одгледуваат минимум 30 овци,
  • имаат обележани и евидентирани грла во соодветниот регистар,
  • ги исполнуваат условите согласно програмата за поддршка.

Поддршката на овчарството останува приоритет, со цел да се обезбеди одржлив развој на руралните средини и зголемена конкурентност на домашното земјоделство.