Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата од 22 милиони денари по основ на финансиска поддршка за трошоци за расадена или продадена зимска зелка.
Корисници на оваа поддршка се сите земјоделски стопанства кои во август 2022 година имаат расадено зимска зелка на отворено или имаат расадено зимска зелка на отворено и продадено зимска зелка до 15 април 2023 година од најмалку 5000 килограми на хектар.
Висината на финансиската поддршка изнесува 61.000 денари по хектар за расадена зимска зелка.
Со оваа мерка се опфатени 476 производители на зимска зелка од Валандово, Гевгелија и Струмица, а поддршката е во вредност од близу 22 милиони денари.