Доколку некој сака да се занимава со земјоделска дејност треба да има регистрирано земјоделско стопанство. Регистрацијата се прави во подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ). Како да регистирам земјоделско стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) на МЗШВ? Одговорот на ова прашање што го поставуваат оние што сакаат да се занимаваат со земјоделска дејност ви го даваме во текстот подолу.
Барателот треба да биде лице со навршени 18 години
За да може едно лице да се регистрира во ЕРЗС треба да биде полнолетно. Покрај документот за лична идентификација потребно е да располага и со одредена земјоделска површина. еве конкретно кои документи се потребни?
- Барање од подрачната единица на МЗШВ;
- Фотокопија од Лична карта (и од еден член од семејството);
- Фотокопија од трансакциона сметка;
- Имотен лист ( и договор за закуп доколку земјиштето е под закуп);
- Уплата на административна такса 250 ден на една уплатница(образец ПП50) и 50 ден (образец ПП 50) на (дознака Адм. Такса, седиште на примач Буџет на РМ, Банка НБРМ трс. С-ка 100000000063095, упл с-ка 84010303161, приходна шифра 72231300)
За оние земјоделци кај кои има направено некоја промена во земјоделското стопанство потребно е податоците да се ажурираат во подрачната единица на МЗШВ каде се наоѓа стопанството.
- За ажурирање на податоци се поднесува исто барање, уплата на истите сметки со реден број 5 и дополнување од докумени на што се прави промената (дали на сметка, адреса, договор, нов имот итн).
- За изготвување на решение или тековна состојба се доставува барање и се уплаќаат уплатниците на сметката со бр.5.
СЦЗРР