Кокошки несилки се сметаат оние кокошки кои имаат достигнато зрелост за несење јајца. Овие кокошки не се наменети за ведење. Покрај кафезниот начин на чување кокошки, постојат и алтернативни методи на чување.
Кокошките се одгледуваат за добивање јајца и месо. Во зависност од тоа дали се одгледуваат за домашна употреба или за индустриско производство се одбира и начинот на чување.
Алтернативни методи за чување кокошки несилки
Алтернативни методи на чување кокошки несилки се сите оние начини на одгледување, чување живина и производство на живински производи кои не вклучуваат голема концентрација на живина. Ваквиот метод исклучува користење на најсовремени техники и технологии. Сепак и покрај ова на живината треба да им се обезбедат соодветни услови.
Кои услови треба да бидат обезбедени за чување кокошки несилки?
Во алтернативниот метод за чување, секоја кокошка несилка мора да биде обезбедена со:
- најмалку 10 cm простор за хранење во случај на рамни хранилки или најмалку 4 cm простор во случај на тркалезни хранилки
- на најмалку 2,5 cm простор за напојување во случај на рамни поилки или најмалку 1 cm простор во случај на кружни поилки
- кога се напојуваат со поилки со капење (нипелни поилки) или чаши за напојување, најмалку една поилка или чаша на 10 кокошки несилки
- во случај на фиксно поставени поилки за напојување, мора да има најмалку две поилки со капење или чаши за напојување на дофат на секоја кокошка-несилка
- најмалку едно гнездо на секои седум кокошки несилки
- во заеднички гнезда, мора да се обезбеди најмалку 1 m² површина за гнездо за максимум 120 кокошки
- густина на населеност не поголема од 9 кокошки на m²
- најмалку 15 cm должина на попречната шипка за одмор (без остри рабови), каде што шипката не смее да биде поставена над ѓубрето, и хоризонталното растојание помеѓу поединечните попречни шипки мора да биде најмалку 30 cm, додека помеѓу попречните шипки и ѕидот мора да биде најмалку 20 cm
- најмалку 250 cm² површина под ѓубрето, која мора да покрива најмалку 1/3 од површината на подот
- подовите мора да бидат дизајнирани да ги потпираат прстите на двете стапала свртени напред.
Дополнителни услови
Кај алтернативните методи каде несилките може слободно да се движат меѓу спратовите мора да се исполнат следниве услови:
- не смее да има повеќе од четири спратови
- висината помеѓу поединечните спратови мора да биде најмалку 45 cm
- поилките и хранилките мора да бидат наредени така што да се подеднакво достапни за сите кокошки-несилки
- подовите мора да бидат наредени во на начин да се спречи паѓање на измет на долните спратови.
Алтернативните системи за чување со испуст
Ваквиот начин на одгледување кокошки несилки мора да ги исполнува следните услови:
- мора да се обезбедат неколку отвори за непосреден излез до испустот, високи најмалку 35 cm и ширина најмалку 40 cm и распоредени по целата должина на објектот
- за 1000 несилки, заедничкиот отвор мора да биде најмалку 2 m
Испуститее мора да имаат:
- површина погодна за густината на населеност и природата на теренот за да се спречи каква било загадување
- засолниште од неповолни временски услови и предатори
- соодветни поилки за напојување со вода
- густина на населеност не поголема од 9 несилки на m²
СЦЗРР