Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.283/23) раздел 140.01 – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 – Земјоделство и рурален развој, потпрограма 30 Земјоделство, ставка 489 – Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 32.000.000,00 денари чии средства ќе се користат за субвенционирање на проекти кои имаат за цел подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.
Право на учество на јавниот повик имаат центрите за развој на планските региони на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.
Крајниот рок на доставување на барањето е најдоцна до 1 Февруари 2024 година.
За повеќе информации за овој повик на следниот ЛИНК