Микроклиматските услови во објектите за одгледување на говеда се важен предуслов за успех во бизнисот. Во обезбедувањето на високи приноси во сточарското производство тие се подеднакво важни како и исхраната, расата и генетскиот потенцијал. Овој фактор во минатото беше занемаруван. Во последниве години тој е битен фактор за остварување на посакуваните резултати при одгледувањето на говедата .
Најлесно мерлива категорија која ја сочинува микроклимата е температурата на воздухот. Знаеме дека говедата полесно поднесуваат ниски одошто високи температури. Температурите и од – 10С не придонесуваат за намалување на продуктивноста на говедата, доколу се обезбедат други услови како што е соодветна простирка за истите.
Температурата важен микроклиматски услов
Високите температури значително влијаат на опаѓањето на продуктивноста. Температури над 25С предизвикуваат опаѓање на продуктивноста што доведува до намалени приноси во одгледувањето на говедата. Затоа е битно во летниот период кога температурите се високи да се прави разладување на говедата. Да се обезбеди добра циркулација на воздухот во објектите. Ова може да се постигне со поставување вентилатори и микропрскалки. Ваквата опрема ќе ги разладува животните, а тие ќе ја задржат својата продуктивност.
Квалитет на воздух
Покрај температурата важен микроклиматски фактор е и квалитетот на воздухот во објектот. Количината на кислород во објектот треба да биде иста со количината на кислород како и на отворено. Затоа нејчеста грешка која одгледувачите на говеда ја прават во зимскиот период е тоа што ги затвараат објектите (шталите) и на тој начин придонесуваат за дисбаланс на уделот на кислородот и зголемување на процентот на јаглен диоксид.

Затворените објекти без правилна циркулација на возухот предизвикуваат несвојствено однесување на животните. Животното не се одмора доволно, нередовно лежи. Поради тоа што концентрацијата на јаглен диоксиод е поголема и (бидејќи е потежок) се спушта на земјата, животното често станува. Исто така затворањето на објектите во зимскиот период предизвикува зголемена влажност на воздухот која влијае на здрвствената состојба на добитокот.
Поради овие фактори се препорачува отворено држење на објектите каде се чува добитокот (шталите) во текот на целата година. За избор на локација за изградба на објект за чување крави прочитајте повеќе на следниот ЛИНК.
СЦЗРР