Објавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари

Објавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари

Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19, 178/21 и 91/23), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.03/23 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.233/23), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува ЈАВЕН   ОГЛАС бр.03/23 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.

За повеќе информации околу огласот кликнете на следниот ЛИНК.

Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој им стои на располагање на сите земјоделски стопанства, физички и правни лица за подготовка на документацијата и насоки за користење на електронското наддавање.