Опрема за молзење

Опрема за молзење

Опремата за молзење многу често се занемарува од страна на фармите кои одгледуваат молзни животни. Иако се користи два или три пати на ден, често се поставува прашањето дали опремата за молзење работи правилно?

Истражувањата покажуваат дека појавата на маститис е тесно поврзана со неправилната работа на опремата за молзење и затоа од исклучителна важност е опремата за молзење да работи правилно, на начин да не предизвикува штета на квалитетот на суровото млеко.

Затворен систем за молзење

Основната цел на правилната процедура за подготовка на вимето и поставување на  машината за молзењето е да се обезбеди лачење на максимална количина млеко во што можно  пократко време при машинско молзење, односно да се намали количината на преостанатото млеко на минимум.

Опрамата за молзење и нејзиното инсталирање, мора да им се довери на стручњаци обучени за таа работа, за да се обезбеди правилна работа на целиот систем.

Употребата на неквалитетни или несоодветни материјали ќе резултира со осцилации на вакумот и можни нехигиенски услови.

Молзилиште

Машината за молзење се состои од:

  • вакуумски систем за производство,
  • пулсатор,
  • единица за молзење и
  • систем за пренос на млеко.
Затворен систем за молзење

Системот за производство на вакум се состои од:

  • вакумска пумпа со резервоар,
  • вакум регулатор и
  • мерачи на вакум.

Вакумската пумпа произведува вакум со кој го истиснува воздухот од системот за молзење.Регулаторот за вакуум го регулира нивото на вакуум во системот од 40-50 kPa што е доволно за молзење на млекото од вимето кај кравите. Вакумските осцилации во системот за молзење треба да бидат на минимум, бидејќи тие можат да предизвикаат инфекција на вимето.

Мерачите на вакум треба да бидат видливи од местото на молзење т.е. едниот треба да биде видлив од местото на молзење, а другиот треба да се наоѓа веднаш до регулаторот за вакуум. Вакуумскиот резервоар се одржува постојан негативен притисок во системот на машината за молзење и го спречува влегувањето кондензат до вакумската пумпа.

Пулсаторот е воздушен вентил кој наизменично ослободува вакум или атмосферскиот воздух во комората за пулсирање, со што се создаваат пулсирања кои го стимулираат и овозможуваат протокот на млекото. Денес најчесто се користат наизменични пулсатори. Вообичаениот број на пулсирања е 50-60 отворања и затворања во минута.

Единица за молзење

Единицата за молзење се состои од колектор, четири вшмукувачки чаши со гумени цуцли, долги цевки за млеко  и  долги пулсирачки цевки (понекогаш пулсатор). Всисната гума на единицата за молзење е единствениот дел од машината што доаѓа во директен контакт со ткивото на вимето и секое негативно влијание се пренесува на здравјето на млечните животни преку гумените цуцли. Тежина на единицата за молзење не смее да надминува 3,5 кг. Со цел температурата на млекото да падне од телесната температура до 4 °C, потребно е млекото да се излади во рок од три часа после молзењето.

Молзилица

Правилна подготовка на вимето за машинско молзење

Пред да започнете со молзење, потребно е да се обезбедат најчисти можни услови во шталата, односно молзилиштето. Стресната ситуација пред почетокот на молзењето  негативно влијае на лачењето на млекото, а воедно влијае и на намалена количина на измолзено млеко. Намалување на стресните ситуации се постигнува  со навикнување на кравите на исто место за молзење, молзач и рутина на молзење. Долготрајна изложеност на кравата на стресна ситуација за време на  молзењето ја зголемува можноста за маститис. Многу е важно вимето да е чисто и суво. Пред почетокот на молзењето треба да се исчисти, бидејќи ако е  валкано и влажно  се зголемува можноста за маститис. Исто така  се зголемува бројот на бактерии во млекото. За време на молзењето  треба да се користат ракавици. На тој начин  бактериите многу потешко се задржуваат на површината ракавицата отколку на рацете на молзачот.

Секреција на млеко

Стимулација на лачењето млеко, кој е вроден рефлекс и е важен за време на машинското молзење, а го поттикнува телето доколку е во видикот на кравата или нејзиното цицање, потоа допирот на вимето од молзачот и звукот на машината за молзење.

Постојаната рутина при секое молзење е знак за кравата дека започнува молзењето т.е. почетокот на ослободувањето на млекото.  Истражувањата покажаа дека излачувањето на  окситоцинот се јавува во рок од 60 до 90 секунди по масажата на вимето и затоа за 90 секунди потребно е да се постави единицата за молзење за да се обезбеди брзо и целосно молзење. За повеќето добро подготвени крави молзењето трае од 4 до 6 минути.

Одржување на опрема за молзење

Одржување на опремата за молзење

Доброто одржување ќе го продолжи работниот век на машината за молзење и здравјето на кравата.  Млекарот – Фармерот  треба да знае како функционира системот и да биде свесен за промената во системот што може да ја намали ефикасноста.

Дневно:

  • Контрола на нивото на вакумот и на вакумметарот за време на молзењето треба да биде исто,
  • Слушајте за можна неправилна работа на пулсаторот со прстот проверете ја работата на гумените цуцли,
  • Проверете ја исправноста на гумените цуцли (дупки, пукнатин итн…).

Неделно:

  • Проверете го затегнатоста на каишот и нивото на маслото во вакуумската пумпа, доколку е потребно, затегнете каишот и дополнете ја вакуумската пумпа со препорачано масло,
  • Измијте ги сите црева и опрема и проверете ги споевите и цревата од течење
Хигиена на опрема за молзење

Месечно:

  • Исчистете ги или сменете ги филтрите на пулсаторот и регулаторот за вакум,
  • Заменете ги вшмукувачките гуми според упатствата на производителот,
  • Расклопете ги и проверете ги водовите за вакуум (вод за млеко),
  • Исчистете го и проверете го процесот на миење на млечните канали.

 На 6 месеци или годишно:

  • Проверка на целокупната опрема за молзење од стручно лице,
  • Проверка на нивото на вакумот на гумените цуцли,
  • Проверка на капацитетот на вакум пумпата (l/min),
  • Промена на маслото во вакум пумпата,
  • испирање на вакум линиите,
  • Проверка на електричната инсталација,
  • Проверка на исправноста на сите гумени делови (црева, заптивки итн…).

СЦЗРР