Пламеница кај компирите

Пламеница кај компирите

Пламеницата спаѓа во редот на најраспространетите и најштетна болест на компирот. Често се јавува во големи размери при што нанесува големи штети и по приносот и по квалитетот на плодовите.

Пламеницата е болест која најчесто се јавува кога има високи температури проследени со голема влага (дождови). Температура од 15-25 степени целзиусови  и  чести дождови се одлична подлога за развој на оваа болест.

Симптоми на пламеница кај компирот

Првите симптоми се во вид на темнозелени дамки на лисјата на компирите. Потоа пожолтуваат и настапува некроза, сушење на листот. Колку подолго се задржат условите за појава на пламеница толку толку се поголеми шансите за ширење на болеста и на останатите делови на растението. Од лисјата болеста може да се прошири и на клубените.

Покрај намалувањето на квалитетот на плодовите, заразените компири не може долго да се чуваат и брзо се расипуваат, скапуваат.

Превентивата најдобар начин за справување со пламеницата

Фунгицидите се најдобра превентива за справување со оваа болест и тие може да осигураат здрави плодови.

Следењето на временските услови и навремено третирање со соодветни препарати се најдобрата заштита против пламеницата. Во зависност од временските услови зависи колку често треба да се третираат насадите со компири.

Хемиското сузбивање на пламеницата се врши со третирање на растенијата со фунгициди за таа намена. Обично со заштитата на компирот од пламеница се почнува кога компирот е во фаза на затварање на редовите што секако е погрешно. Фунгицидите треба да се применат кога се создадат услови за зараза, на база на прогноза за појава на болеста (умерени температури, облачност, врнежи или обилни роси).

За успешно справување со болеста покрај правилниот избор на препарат потребно е да се почитуваат упатствата за негово  дозирање и начин на аплицирање на средството. Потребно е препаратот да се нанесе рамномерно на целата површина на растението.

Само превентивното користење на фунгициди може да осигура заштита од зараза и така да се спречи развојот на болеста. Доколку не се изврши навремено третирање, кога ќе се појават симптомите, тогаш веќе е доцна за заштита и третирањето нема ефект. Во такви услови во борбата против пламеницата може да помогнат само високи температури  и сушен период.

СЦЗРР