Унапредување на системот за идентификација на животните и подобрување на безбедноста на храната

Унапредување на системот за идентификација на животните и подобрување на безбедноста на храната

МЗШВ, АХВ и ФАО ја започнаа втората фаза од процесот за унапредување на системот за идентификација на животните и подобрување на безбедноста на храната

По успешната имплементација на првата фаза од процесот за надградба напостојниот ветеринарен информациски системво согласност со стандардите на Европската унија, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја започнаа втората фаза од процесот, преку нов ФАО проект. Целта на новиот проект е трансфер на нов ветеринарен и нформациски софтвер, опремен со нови модули и функционалности, во употреба на АХВ.

Системот за идентификација и регистрацијата на животните е важен дел од синџирот за безбедност на храната. Тој овозможува брзо и навремено евидентирање, анализирање и користење на податоци за животните од различни засегнати страни, вклучително информации за нивното раѓање и потекло, статус на вакцинација, здравствена состојба, болести – во случај на појава и документирање на целосниот циклус на животното од фарма до трпеза, што обезбедува испорака на безбедна храна до потрошувачите.

Повеќе информации прочитајте на следниот ЛИНК

СЦЗРР