До 14 октомври 2022 година се поднесуваат барања за надоместоци за плати на овчари. АФПЗРРденес го објави овој повик и се однесува на Земјоделски стопанства регистирирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој и се регистрирани во ЕРЗС на МЗШВ.
АФПЗРР го објави Јавниот повик бр.11/2022 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на рурланиот развој за 2022година.
Повикот се однесува на група мерки од Мерка 213 Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики.
Оваа мертка предвидува поддршка за:
Надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство:
-во висина од 100% од просечна месечна нетоплата во дејност од период 01.01.2021 до 31.12.2021година како трошок за чување и напасување на добитокот (овци кози или говеда) на надморска височина поголема од 700м,
-во висина од 60% од просечна месечна нето плата во дејноста од 01.01,2021 до 31.12.2021 како трошок за чување и напасување на добиток под 700м надморска височина.
Според критериумите бројот на вработени лица за кои е исплатена поддршката треба да е ист во период од најмалку една година пред годината за која е исплатена поддршката.
Право на користење на средства од оваа мерка имаат Земјоделски стопанства регистирирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ.
Повеќе информации прочитајте на следниот ЛИНК.