Извршена исплата на над 237 милиони денари од програмата за рурален развој и интервентен фонд

Извршена исплата на над 237 милиони денари од програмата за рурален развој и интервентен фонд

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на над 237 милиони денари кон земјоделци и корисници на мерки од програмите за земјоделство и рурален развој.

Исплатите се реализирани по следните основи:

Интервентен фонд – мерка 1.2 „Произведено вино“
Исплатени 59.942.278 денари за 39 корисници.

Мерка 213 „Плата за овчари“
Исплатени 34.089.868 денари за 43 корисници.

Мерка 112 „Млади земјоделци“
Исплатени 17.815.422 денари за 48 корисници.

Мерка 121.7 „Комбајни за ориз“
Исплатени 28.779.597 денари за 48 корисници.

Програма за рурален развој
(набавка на добиток, плата за задругите, поддршка за каматни стапки и техничка помош)
Исплатени 96.661.300 денари за 34 корисници.

Овие средства се значајна поддршка за развојот на земјоделското производство, подобрување на конкурентноста и јакнење на руралната економија.