Исплатени субвенции за предадени градинарски култури, кравјо, овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети

Исплатени субвенции за предадени градинарски култури, кравјо, овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.

Исплатени се 3.686 млекопроизводители со вкупен износ од 147.822.692,00 денари.

Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците јануари, февруари, март 2025 година.

Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар за кравјо млеко и 7 денари по литар за овчо и козјо млеко. 

Исто така извршена е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерка 1.7 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети во износ од 259.421.400,00 денари кон 4.143 корисници.

Корисници на оваа поддршка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на директните плаќања изнесува 5 денари по килограм за предадени количини во период мај-јуни и ноември-декември 2024 година.