Објавен повикот за исплата на плати за напасувачи на овци и кози

Објавен повикот за исплата на плати за напасувачи на овци и кози

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави јавниот повик 08/2025 за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционалното сточарство од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Корисници се земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Помошта е во висина од 100% од исплатената просечна нето-плата во Република Северна Македонија во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина еднаква или повисока од 700 метри; односно во висина од 60% од исплатената просечна нето-плата во Република Северна Македонија во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина пониска од 700 метри.

Поддршката се доделува во сооднос:  

–      1 вработено лице на 150 овци

–      1 вработено лице на 100 кози

–      1 вработено лице на 50 говеда, но не повеќе од 620.000 денари по вработено лице.

Бројот на вработени лица за кои е исплатена поддршката треба да е ист во период од најмалку една година по годината за која е исплатена поддршката

Сите заинтересирани субјекти може да ги поднесат своите барања за исплата со потребната документација најдоцна до 30.07.2025 година.

Упатството за корисниците и барањето за исплата може да ги подигнете ТУКА.