10 предности од користењето на робот за молзење на вашата фарма

10 предности од користењето на робот за молзење на вашата фарма

Употребата на робот за молзење ги подобрува перформансите на фармата, прави заштеда на средствата за производство, ја зголемува конкурентноста на фармата и најбитно од се се намалува потребата од ангажман на лица за измолзување. Инвестициите во ваков вид на робот е исплатлива инвестиција и може да се реализира со ИПАРД програмата.

Модерната технологија се повеќе зема замав и на нашите простори за поедноставување на технолошкиот процес и рационално искористување на времето. Се повеќе фарми се одлучуваат за инвестирање во технологии кои придонесуваат за оптимизација на трошоците, зголемување на приносот, добивање на податоци кои ќе служат за донесување правилни одлуки и решавање на проблемите со недостигот на работна сила.  Едни од таквата технологија се роботите за молзење кај млечните крави кои ја прават вашата фарма, одржлива, рентабилна и конкурентна, а се карактеризираат со следниве предности

1.Природно молзење без стрес

Здрава крава без стрес репродуцира повеќе млеко. Една од карактеристиките на роботот за молзење е уникатен концепт,  кој обезбедува вистинска рута за кравите т.е. кравите можат лесно да влезат кога е време за молзење и да излезат од роботот кога ќе почуствуват дека е време за тоа, а може и побрзо да се молзат.

2.Оптимизиран тек на фармата

Роботот го прави вашиот ден поефективен со тоа што ве растеретува од рутинското донесување одлуки. Тоа ви овозможува да го оптимизирате вашиот работен тек и ви нуди  вредни податоци во вистинско време и место. Роботот обезбедува  дополнителна поддршка во вашите секојдневни рутини и во планирањето на индивидуалните потреби на кравите за да ја олесни работата во фармата, и да го направи вашето стадо поздраво, а вашата фарма попрофитабилна. Секој робот поседува и апликацијата за управување со фармата,  ги подобрува основните податоци за да ги предвиди перформансите и нуди јасни избори за оптимизација на фармата. Со роботот се обезбедува брз пристап до сите информации што ви се потребни. Ја подобрува благосостојбата на стадото и добивате известувања директно на вашиот паметен телефон.

3.Производство на млеко со врвен квалитет

Роботот поседува систем за контрола на квалитетот на млекото  кој го контролира млекото при секое молзење. Разгледува низа вредни индикатори, како што се маститис, содржина на масти, протеини и лактоза. Ова овозможува да ја знаете здравствената состојба на секоја крава и можете да спречите какви било проблеми и да преземето сооодветни мерки каде што е потребно. Исто така, се контролира и измолзеното млеко да е со врвен квалитет кое завршува во лактофризерот.

4.Повеќе слобода, поголема контрола

 Вие подобро од кој било друг знаете што е добро за вашата фарма. Со роботот може да направете свој избор и конфигурација врз основа на вашите специфични желби.

5.Подобрена репродукција

За да може да ја контролирате вашата фарма, се потпирате на репродукцијата. Со роботот добивате дополнителни информации кои помагаат полесно  јуниците да останат стелни. Со соодветна употреба на роботот ќе можете да ги видите кога е најпогодниот момент  за оплодување.  Тоа ќе ја зголеми стапката на зачнување и ќе ви заштеди многу време.

6.Подобрено здравје на кравите

               Грижа за вашиот највреден имот: вашите крави. Здравите крави заштедуваат трошоци, време и го поттикнуваат производството на млеко. Добвате поголема контрола врз здравјето на кравите и донесувајте правилни одлуки со напредни сензори и лесни за употреба информации. Ова ќе ги обезбеди вашите приходи.

7.Подобрена контрола на вимето

Добар квалитет на млеко доаѓа од здраво виме. Добивате јасен увид за здравјето на вимето и добивате информација кога да преземете акција. Со овие податоци кои ги добиваме од роботот  се ​​елиминираат бактериите и  се избегнува вкрстена контаминација пред секое молзење. Добиваме и  контрола врз здравјето  на вимето и ги намалуваме  трошоците.

8.Подобрено здравје на копита

Доброто здравје на копитата е важно за благосостојбата на кравите кај млечните фарми. За да може слободно да се движи, кравата мора да има здрави копита. Со здрави копита  кравата може да прави  што сака во шталата или на полето: да се одмори, да се храни, да пие или да го посети роботот за молзење.

9.Избалансирано хранење

Храната е еден од главните трошоци на фармата за производство на  млеко. Затоа, нахранете ја секоја крава според нејзините реални потреби и работете на избалансираноста  на добиточната храна. Добијте можност да храните понапредни оброци дури и во комбинација со течна храна.

10.Подобрено напасување

Пасењето е најприродниот начин на кој кравите се хранат. Пашата позитивно влијае на благосостојбата и здравјето на кравите. Направете здрави  и среќни крави на полето додека имате целосна контрола врз производството на млеко.

Според горенаведените податоци од употребата на робот за молзење може да заклучиме дека употребата на робот за молзење ги подобрува перформансите на фармата, прави заштеда на средствата за производство, ја зголемува конкурентноста на фармата и најбитно од се се намалува потребата од ангажман на лица за измолзување. Инвестициите во ваков вид на робот е исплатлива инвестиција и може да се реализира со ИПАРД програмата.

СЦЗРР