Владата ја донесе програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година.
Средствата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година во вкупен износ од 840.000.000 денари се обезбедени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година.
Ќе бидат финансирани следните мерки:
1. Мерка 111 “Обука и информирање на земјоделските производители” од оваа програма се спроведуваат согласно членовите 66, 91 и 92 од Законот за земјоделство и рурален развој како неповратна финансиска поддршка за организирање и одржување на професионална обука за стекнување вештини и информативни сесии за усовршување и оспособување на земјоделските производители, преку одржување на курсеви, семинари, предавања, посети на земјоделски и шумски стопанства, работилници и индивидуално учење, особено за следните области:
успешно организирање и раководење на земјоделското стопанство;
воведување на дополнителни дејности на земјоделско стопанство;
воведување и употреба на современи технолошки достигнувања и иновативни практики;
трансфер на знаења за постигнати научно истражувачки резултати;
користење на информатички технологии за земјоделско производство;
примена на пропишани стандарди од областа на заштитата на животната средина, заштита на здравјето на луѓето, заштита и на здравјето на растенијата, заштита на здравјето и благосостојбата на животните и примена на хигиенски пракси;
примена на мерките за поддршка за вршење на земјоделски производни практики за заштита и унапредување на животната средина и руралните предели и
воведување на земјоделско производство со примена на повисоки стандарди за квалитет.
Висината на поддршката од овој дел изнесува 100% од вредноста на прифатливите и направените трошоци.
Поддршката може да се додели во вид на авансна исплата до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ, а остатокот се исплаќа соодветно по секоја реализирана обука или информативна сесија врз основа на реалниот број на учесници.
Корисник на поддршката е давателот на обуката или на други форми на трансфер на знаење и активности за информирање.
Поддршката е наменета за земјоделските стопанства регистрирани во ЕРЗС.
2. Мерка 112 “Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност” од оваа програма се спроведуваат како неповратна финансиска поддршка за започнување со земјоделска дејност на млади земјоделци, кои за прв пат започнуваат да се занимаваат со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство согласно членовите 67, 91 и 92 од Законот за земјоделство и рурален развој.
Поддршката се доделува на млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години кои поднеле барање не подоцна од 18 месеци од денот на запишувањето на новото земјоделско стопанство или промената за истото во ЕРЗС.
Поддршката може да се додели во вид на авансна исплата до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ, а остатокот се исплаќа по реализација на инвестицијата.
Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за ист тип на инвестиција, не можат да бидат корисници на финансиска поддршка.
Земјоделските стопанства кои биле корисници на мерката од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години, не можат да бидат корисници на оваа мерка.
Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата.
Дел од средствата во износ од 6.000.000 денари се наменети за неподмирени обврски за реализација на мерката 112 “Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност” од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години.
3. Мерка 113 “Поддршка за поттикнување на земјоделско производство” од оваа програма се спроведуваат како неповратна финансиска помош согласно членовите 67-а, 91 и 92 од Законот за земјоделство и рурален развој за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на семејните земјоделски стопанства.
Поддршката се доделува на млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години.
Поддршката може да се додели во вид на авансна исплата до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ, а остатокот се исплаќа по реализација на инвестицијата.
Поддршката се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на земјоделското стопанство за период од најмногу три години од денот на одобрување на поддршката.
Висината на поддршката може да изнесува до 1.200.000 денари.
Поддршката се доделува на семејни земјоделски стопанства кои не користеле поддршка од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој согласно член 67 од Законот за земјоделство и рурален развој.
Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата.
Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за ист тип на инвестиција, не можат да бидат корисници на финансиска поддршка.
Земјоделските стопанства кои биле корисници на мерката од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години, не можат да бидат корисници на оваа мерка.
Дел од средствата во износ од 1.078.592 денари се наменети за неподмирени обврски за реализација на мерката 113 “Поддршка за поттикнување на земјоделско производство” од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години.
4. Мерка 115 “Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство” од оваа програма се спроведуваат согласно членовите 90, 91 и 92 од Законот за земјоделство и рурален развој како неповратна финансиска поддршка за инвестиции за набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата.
Поддршката се доделува на женски член на земјоделско стопанство запишано во ЕРЗС.
Висината на поддршката изнесува до 360.000 денари по корисник.
Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за ист тип на инвестиција, не можат да бидат корисници на финансиска поддршка.
Земјоделските стопанства кои биле корисници на мерката од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години, не можат да бидат корисници на оваа мерка.
Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка и/или доработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата.
5. Мерка 121 “Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства” од оваа програма се спроведуваат согласно членовите 70, 90, 91 и 94 од Законот за земјоделство и рурален развој како неповратна финансиска поддршка, а поддршката претставува учество во нови инвестиции за следните намени:
- набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата буша), од увоз или од признати организации на одгледувачи регистрирани согласно член 6 од Законот за зоотехника;
- набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци, од увоз или од признати организации на одгледувачи регистрирани согласно член 6 од Законот за зоотехника;
- набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози од увоз или од признати организации на одгледувачи регистрирани согласно член 6 од Законот за зоотехника;
- набавка на педигрирани свињи (нерези и назимки) чистокрвни или хибриди од увоз или од признати организации на одгледувачи регистрирани согласно член 6 од Законот за зоотехника;
- подигнување на нови повеќегодишни лозови и овошни насади, повеќегодишни насади со ароматични растенија и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини;
- набавка на пчелни матици и пчелни роеви од одобрени одгледувалишта согласно Законот за зоотехника;
- набавка на опрема во пчеларството;
- набавка на трактори;
- набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз;
- набавка на машини за разбивање на мраз;
- набавка на системи против замрзнување;
-заштитни мрежи и заштитни фолии; - набавка на опрема за систем за наводнување – капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода;
- набавка на комбајни за жито;
- набавка на опрема за производство на тутун и расад од тутун;
- инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем;
- инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем;
- набавка на силоси;
- набавка на опрема за навигација и смарт земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација, хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство;
- набавка на приклучна механизација;
- инвестиција во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, за потребите на објектот и
- инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларник за заштита од дивеч.
Средствата во износ од 50.000.000 денари се наменети за преземени обврски од реализација на мерка 121 “Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства” од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години.
Советодавна е вашиот партнер за успешна реализација на инвестициите на вашето земјоделско стопанство.