Пчелите иако се мали сепак и тие имаат свои непријатели. Како и останатите организми може да бидат нападнати од штетници, паразити или пак од разни инфекции. Може да бидат вирусни или бактериски кои доведуваат до болести кај пчелите кои ако не се третираат соодветно и навремено може да има големи последици во пчеларникот.
Најголеми закани кај пчелите
Една од најголемите закани на пчелите е болеста вароа(Vaaroza) . Станува збор за паразитско вирусно заболување кое го пренесува крлеж. Во светски рамки детектирани се повеќе видови на крлежи. На нашите простори присутен е паразитот Varroa Destruktor. Овој паразит е многу штетен и доколку не се открие на време може да предизвика огромни штети во пчеларникот.

Varroa Destruktor е лушпест крлеж кој го активира вирусот кога ќе се закачи за пчелата, а таа не може да се ослободи од него. Вароата предизвикува деформации на крилјата и нозете на пчелата со што се намалува продуктивноста на пчелата. Се множи на тој начин што женскиот крлеж неси јајца во келиите на пчелите работнички. Периодот на полно созревање на Вароата е кус при што влегува во келии и повќекратно се размножува. Се храни на тој начин што ја пробива обвивката на ларвата на пчелата и се храни од нејзината хемолимфа.
Заразената млада пчела иако има нормален изглед таа започнува да лета неколку дена порано од неразените пчели. Паразитот ја преобразува во возрасна пчела со деформирани крилја. Се случува некои пчели после првиот лет воопшто да не се вратат во кошницата.

Вароа значително го намалува животниот циклус на пчелата особено во период на оскудација на храна што често се случува во есенскиот и зимскиот период. Раното откривање на оваа болест и примената на соодветен третман за нејзино сузбивање е од големо значење за продуктивноста на пчеларникот.
Методи на сузбивање на вароата
Доколку сакаме да применеме соодветна метода за сузбивање на оваа болест најбитно е да се познава пчелното семејство, начинот на појавата на болеста, ширењето, биолошките одлики на паразитот и другите околности под кои настанува оваа болест. Ова значи дека познавањето на релацијата пчелно семејство – паразит придонесува кон успешно одредување на соодветен третман на семејството и успешно справување со болеста. Методите на сузбивањето на вароата може да се класифицираат во 4 категории и тоа:
- Биолошко- механички метод
- Физички метод
- Хемиски метод
- Селекциски метод

Биолошко-механички методи се спроведуваат со примена на следниве мерки
- Употреба на рамка градежник
- Сечење на трутовското легло од рамките
- Жртвување на првото и последното пчелно легло
- Издвојување на затворено легло
- Формирање на нуклеуси
- Блокирање на матицата
- Промена на матицата
- Промена на саќе
- Подигнување на сандуците 60-70см од земја
Физички методи
- Употреба на мрежести подници
- Употреба на топлотни комори
- Употреба на ламели со графитни влакна со напон од 12в
- Употреба на (термо) топлотна касета на летото
Хемиски методи
Под поимот хемиска метода се подразбира употреба на средства кои го убиваат овој паразит, но сепак сеуште не постои метода која го уништува во целост истиот без да се штетна за пчелите или пчеларот. Сепак се бара решение да се намали негативното влијание на овој паразит врз пчелното семејство и зачувување на истото.
Во зависност од средствата кои ги користи пчеларот при хемиската метода тие можат да бидат акарицидни средства или алтернативни хемиски средства кои се користат при органското пчеларење.
Во следнава табела ни се преставени класичните акарициди и органски средства, начинот на примена и дозирање кај вароа.

Средствата кои се користат треба да се употребуваат во согласност со препорачаните дози и начинот објаснет во упатството, кога има отсуство на легло или е во помал обем, кога не се поставени медиштата т.е. 15 дена минимум пред поставувањето на медиштата и кога температурите на воздухот се движат од 10 до 28 С.

Селекциски методи
Овие методи се насочени кон продукција на пчели кај кои се изразени следните особини:
- Хигиенско однесување
- Отпорност со самочистење
- Попречување на репродукцијата на крлежот
- Намален период на запечатување на леглото
- Изведување на пчели работнички порано од 21 ден
СЦЗРР