Зелката е еден од најстарите зеленчуци кој се одгледува со векови наназад. Присутна е во исхраната на луѓето од целиот свет. Нејзиното присуство се должи на одличниот нутритивен состав. Ја има во повеќе облици и често поради нејзините корисни својства покрај како храна ја сметаат и за лек. Науката се погрижила да ги потврди корисните својства на зелката.
Видови зелка
На нашите простори зелката успева скоро насекаде дури и на повисока надморска висина. Се сади на отворено и во затворен простор во пластеници. Најчесто се сади рана или пролетна зелка, а ја има и како постстрнишна култура т.н.есенска и зимска зелка.
Расадување на рана зелка
Расадувањето на зелката најзмногу зависи од временските прилики. Исто така расадувањето е врзано и со видот на семето. На пазарот може да се сретнат многу видови на хибридни семиња зелка. Вообичаено раната зелка во затворен простор се расадува од 15-20 февруари, додека на отворено од 15-20 март. Услов за квалитетен расад е квалитетно сертифицирано семе. Пред да се пристапи на расадување треба да се подготви почвата. Како и останатите култури и зелката сака добро обработена и хранлива почва. Расадувањето на зелката се врши на растојание 50х30-40см во зависност од сортата. После расадувањето се врши окопување 1-2 пати со мало загрлување при првото окопување.
Ѓубрење на насад од зелка
Ѓубрењето се врши во зависност од податоците за хемиската анализа на почвата. Тоа зависи и од сортата на семето и должината на периодот на вегетација. Може да се употребуваат органски и минерални ѓубрива.
Органски ѓубрива се користат при основната обработка на почва. Во текот на вегетацијата се извршуваат и две прихрани кога се користат минерални ѓубрива NPK. Првото е во текот на развојот на лисната маса, а второто при формирањето на главицата. При првата прихрана односот на елементите треба да е NPK15:30:15. Фосфорот е многу важен за да се овозможи правилен развој на кореновиот систем. Потоа во фазата на формирање на лисна маса се применува комбинација со повеќе азот. За формирањето на главицата е потребно поголема количина на Калиум.
Наводнување на насад од зелка
Првото наводнување се прави веднаш по расадувањето за да може добро да се вкорени растението. Најдобар начин за наводнување е системот капка по капка. Во зависност од развојната фаза на растението, температурата и почвата зависи времето и количината на потребната вода. Помала количина може да доведе до сушење на растението, а пак поголема влажност може да биде причина за појава на болести.
Заштита на насад со зелка
При раното производство на зелка заштитата се сведува на минимум . Треба да се прави избор на дозволени препарати со краток период на каренца бидејќи периодот на вегетација е покус.
Најчести штетници се јавуваат:
зелкова вошка,
зелкова стеница,
зелкова лисна вошка,
голем зелкар.
Болести
Во зависност од микроклиматските услови може да се појават одредени бактериозни, вирусни и габни болести.
Берба
Бербата се изведува рачно заедно со лисјата. Зелките се редат во соодветна амбалажа. Во промет се пуштаат откако ке се отстранат заштитните лисја. Хибридите или хибридните сорти не се препорачливи за подолго чување. Од моментот на технолошката зрелост, после 10 дена доколку не се берат или сечат, доаѓа до пукање на главицата и формирање на цветно стебло.
Здравствени придобивки на зелката
Ниска калорична вредност но богата со многу микронуитриенти: Витамин Ц,К,А, Б9,Б6, магнезиум, калиум, калциум, железо. Токму поради тоа може да превенира од хронични воспалителни процеси.
Големото присуство на Ц витамин е од големо значење за имунолошкиот систем на организмот.Како резултат на големиот процент на вода и растителни влакна во нејзиниот состав ја подобрува дигестијата.
Ја нарекуваат чувар на срцето Тоа се должи на присуствоото на многу антоцијанини кои со своето антиоксидативно својство штитат од заболувања. Може да помогне во намалувањето на нивото на холестеролот во крвта.
Поради присуството на витамин К заедно со калциумот и Д витаминот се смета за чувар на коските.
Најдобро е да се консумира во свежа форма
СЦЗРР