Златна пчела 2023

Златна пчела 2023

Златна пчела 2023 е насловот на повикот кој ќе додели награда од 28 000 евра. Ќе бидат наградени проекти и достигнувања во секторот на истражување на пчелите и други опрашувачи.

Златна пчела 2023 е отворен повик на  словенечкото Министерство за земјоделство и храна.

За наградата Златна пчела 2023 може да аплицираат физички лица, правни субјекти и организации како од Словенија и од странство.

Повикот е отворен три месеци до 1 март 2023 година.Предмет на повикот се проекти или достигнувања во сектор истражување на пчели и други опрашувачи кои се реализирани изминатите 7 години, во периодот од 2015 – 2022 година.

Комисијата ќе го соопшти нагардениот на 20 мај светски ден на пчелата, ќе му врачи скулптура и парична награда 28 000евра.

Наградата поттикнува и поддржува иновативност кај поединци или правни субјекти кои дале значаен придонес во заштитата и подигнувањето на свеста  за значењето на пчелите и другите опрашувачи во светот.

Повикот и пријавата се достапни на следниот ЛИНК.