Зошто е потребна советодавна и консултантска поддршка во примарното земјоделско производство

Зошто е потребна советодавна и консултантска поддршка во примарното земјоделско производство

Во време кога земјоделството се развива побрзо од кога било, квалитетната советодавна и консултантска поддршка станува клучен фактор за успешно управување со земјоделското стопанство.

Предизвиците со кои се соочуваат земјоделците – климатски промени, растечки трошоци, потреба од модернизација, дигитализација и прилагодување на европските стандарди – бараат професионални насоки и поддршка.

1. Подобрување на продуктивноста и квалитетот

Со стручни совети/консултации земјоделците добиваат информации за избор на вистински сорти, оптимални агротехнички мерки, ѓубрење, заштита на растенијата и правилно управување со ресурсите. Ова доведува до повисок принос и подобар квалитет на производството.

2. Намалување на ризиците

Со советодавно-консултснтска поддршка се предвидуваат можни ризици – болести, штетници, временски непогоди и пазарни промени. Преку превентивни мерки и препораки, земјоделецот може навремено да реагира, да избегне загуби и да подобри стабилност на производството.

3. Ефикасно користење на ресурсите

Професионалните советници/консултанти помагаат во оптимално користење на вода, ѓубрива, механизација и работна сила. Ова значи пониски трошоци, зголемена ефикасност и одржливост на стопанството.

4. Пристап до финансиски поддршки и проекти

Правилната советодавно-консултантска поддршка ги упатува земјоделците на можностите од национални и европски програми, како ИПАРД, грантови и други форми на финансиска помош. Ова е особено важно за мали и средни производители кои немаат доволно искуство со административни процедури.

5. Модернизација и дигитализација

Советниците/консултантите помагаат при избор на современи технологии – сензори, паметно наводнување, управување со податоци, GPS навигација, софтвери за фарм менаџмент – со што земјоделците оставаат помал простор за грешки и ги подобруваат своите резултати.

6. Усогласување со законска регулатива

Советодавно-консултантската поддршка им помага на фармерите да ги исполнат сите законски барања, процедури и стандарди за безбедност, квалитет и следливост, што е од особено значење при извоз или сертификација.

Советодавната и консултантска поддршка не е трошок – таа е инвестиција која носи знаење, сигурност и напредок. Со соодветна стручна помош, земјоделците донесуваат подобри одлуки, ги зголемуваат приносите и успешно се прилагодуваат на новите предизвици во примарното земјоделско производство.

Доколку сакате да дознаете повеќе или да добиете индивидуална поддршка, контактирајте нѐ – нашиот професионален тим е тука да ви помогне!

Домат - најдобри преткултури за висок принос Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството