Извршена исплата на субвенциите за 2024 година по повеќе основи

Извршена исплата на субвенциите за 2024 година по повеќе основи

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на субвенции по повеќе основи.

Исплатени се 625.043.081 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 32.798 земјоделци и тоа за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија. За оваа мерка исплатени се 392.148.316 денари кон 23.626 корисници

Исто така, исплатени се и средства за мерка 1.2 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за употреба на сертифициран семенски материјал, освен за тутун, како и за употреба на сертифициран или несертифициран семенски материјал за ориз. За оваа мерка се исплатени 232.894.765 денари кон 9.172 корисници.

Исплатени се 264.241.663,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 22.141 земјоделци и тоа за мерка 1.8 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади. За оваа мерка се исплатени 118.186.903,00 денари кон 8.729 корисници.

Исплатени се и средства за мерка 1.11 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади. За оваа мерка се исплатени 146.054.760.00 денари кон 13.412 корисници.

Исплатени се 416.722.200 денари субвенции за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 8.680 земјоделци и тоа за:

  • мерка 2.1 Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 4000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 201.532.000 денари кон 6.189 корисници.
  • мерка 2.8 Директни плаќања за обележани женски грла овци постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 600 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 182.692.200 денари кон 2.058 корисници и
  • мерка 2.10 Директни плаќања за обележани женски грла кози постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 2.000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 32.498.000 денари кон 433 корисници.