Исплатена помош за земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности

Исплатена помош за земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности

АФПЗРР  Реализира исплатата за помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности и директните плаќања за произведени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни пилиња од јајценосни хибриди како и директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирни кланични капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата за помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности и директните плаќања за произведени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни пилиња од јајценосни хибриди како и директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирни кланични капацитети.


За 9516 лица се исплатени 94,8 милиони денари, а корисници на поддршката се земјоделските стопанства кои вршат земјоделска и сточарска дејност на надморска висина над 700 метри.
Корисниците на мерката за ПОМ со извршената исплата добиваат дополнителна финансиска поддршка во висина од 15% од основните директни плаќања по површина или грло добиток.


За произведени еднодневни бројлерски пилиња се исплатени 2 земјоделски стопанства со финансиска поддршка од 5.4 милиони денари. Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства кои произвеле за сопствени потреби или продале еднодневни бројлерски пилиња.


Висината на поддршката е 6 денари по пиле за сопствени потреби, односно 10 денари за продадено пиле.
За 3 земјоделски стопанства се исплатени дирекните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети. Поддршката за овие корисници изнесува 12.6 милиони денари, а висината на поддршката по одгледано и заклано пиле е 40 денари.

СЦЗРР