ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ПРЕДАДЕНО ЈАГНЕ ИЛИ ЈАРЕ ВО КЛАНИЧЕН КАПАЦИТЕТ

ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ПРЕДАДЕНО ЈАГНЕ ИЛИ ЈАРЕ ВО КЛАНИЧЕН КАПАЦИТЕТ

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ на предадено/заклано јагне и јаре во регистриран кланичен капацитет по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството.

Исплатени се 1.609 одгледувачи на овци и кози со сума од 75.640.400,00 денари.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои користеле финансиска поддршка за одгледување на овци и кози и имаат предадено јагне или јаре во регистриран кланичен капацитет во периодот од 1 јануари до 25 декември 2023 година.

Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 400 денари по предадено грло.