Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ директни плаќања за обележани грла кози.
Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства одгледувачи на кози кои поседуваат најмалку 10 грла кози од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на кози, соопштуваат од АФПЗРР.
Вкупната сума на исплатени средства е во висина од 62.201.000 денари кон близу 1.700 лица .
Висината на директните плаќања изнесува 1.200 денари по грло , односно 1.300 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број на грла за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 150 грла за сите категории и возрасти.
“Агенција за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со обработка на барањата за финансиска поддршка предвидени за директните плаќања за кои ќе следуваат и други исплати за сите апликанти кои ги исполнуваат условите при аплицирање “ – изјави директорот Бачовски.