Како да се регистрирам како индивидуален земјоделец согласно ФПИОМ?

Како да се  регистрирам како индивидуален земјоделец согласно ФПИОМ?

Покрај можноста да се биде регистириан земјоделец согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, заинтересираните лица имаат можност да се регистрираат како земјоделци и преку ФПИОМ.

Доколку сакате да бидете регистрирани како индивидуален земјоделец(ИЗ) преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување  потребно е да ги обезбедите следните документи:

  1. Потврда за невработен од Агенција за вработување
  2. Лекарско уверение
  3. Сопствено земјоделско земјиште од 5000м2 или закуп со минимум 7 години важност
  4. Решение од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство(МЗШВ) за евидентирано земјоделско стопанство
  5. Лична карта

Документацијата се доставува до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со која се добива решение кое се доставува до МЗШВ после што се добива решение за Индивидуален земјоделец (ИЗ).

СЦЗРР

Опрема за молзење Како до регистрација на земјоделско стопанство во ЕРЗС?