Жените земјоделки кои родиле дете во периодот од 01.12.2022 година до 01.12.2023 година може да бараат финансиска поддршка за деветмесечен надоместок за мајчинство.
Финансиска поддршка за надомест за мајчинство ќе се реализира преку Програмата за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност за 2023 година.
Услови кои треба да ги задоволи жената земјоделка за да користи надоместок за мајчинство
Жена земјоделка може да биде корисник на оваа програма доколку ги исполнува следниве услови:
-е запишана во Единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство,
-семејното земјоделско стопанство да остварило финансиска поддршка согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021година во износ од 100 000 ден или има остварено приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300 000ден и
-има непрекинат статус на осигуреник -индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување во времетраење од 12 месеци пред раѓањето на детето.
Потребни документи за користење надоместок за мајчинство
За да биде мајката корисник на средства од Програма за поддршка за социјална сигурност на жени кои вршат земјоделска дејност за 2023 година потребно е да достави барање до Агенцијата најдоцна до 10 декември 2023 година. Со барањето потребно е да се достават и следните документи:
-извод од матична книга на родени за детето за кое се бара надоместок за мајчинство или отпусно писмо од здравствената установа каде што е извршено породувањето;
-уверение за состојба на даноци, придонеси и други јавни давачки издадено од УЈПпо датумот на раѓање на детето;
-решение од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за утврден статус на осигуреник-индивидуален земјоделец;
-потврда издадена од Агенцијата за вработување дека мајката не била вработена во редовен работен однос во период од 12 месеци пред раѓањето на детето и
-фотокопија на трансакциска сметка на мајката.
Докумнетите треба да се оригинали или фотокопија заверена на нотар.
Финансиската поддршка е во износ од 81 000 денари.
Исплатата на срдствата ја врши Агенцијата, врз основа на донесено решение, најдоцна до 25 декември 2023 година.
СЦЗРР