Секое земјоделско стопанство кое се занимава со одгледување на животни задолжително треба да ги идентификува, регистра и да го пријавува нивното движење. Ова е услов кој треба да се исполни е за да се обезбеди следливост на движењето на животните и заболувањата, навремено спречување на ширење на болестите и нивно сузбивање. Со тоа се заштитува здравјето не само на животните туку и на луѓето.
Како треба да постапи секое земјоделско стопанство доколку одгледува говеда, овци, кози, свињи или пчели:
- Да обезбедат регистрација на одгледувалиштето, да ги пријават сите промени во одгледувалиштата, да вршат попис на одгледувалиштето и редовно го водат регистерот на одгледувалиштето,
- Да обезбеди навремена идентификација и регистрација на животните согласно роковите пропишани во закон,
- Да водат евиденција за купо-продажба, преместување или смрт на животните и
- Податоците за промените навремено ги доставуваат во Централната електронска база на податоци за идентификација и регистрација на животни преку овластеното ветеринарното друштво со кое сточарот има склучено договор.
Сопственикот или лице одговорно за одгледувалиштето треба задолжително да обезбеди договор со овластено ветеринарно друштво. Одгледувачот е слободен самиот да го избере ветеринарното друштво од листата на ветеринарни друштва со кои Агенцијата за храна и ветеринарстви регистрирани во Регистерот на овластените ветеринарни друштва.
Одгледувалиштето на животни мора да биде регистрирано во Централната електронска база на податоци за идентификација и регистрација на животни која издава единствен регистарски број за идентификација на одгледувалиштето. Одгледувачите треба да ги пријават сите промени во одгледувалиштата во рок од седум дена, да вршат попис за одредени видиви на животни на одгледувалиштето секоја година и редовно го водат регистерот на одгледувалиште. Одгледувалиштето мора да остане регистрирано најмалку три години од напуштање на сите животни од него.
Бројот на животните во одгледувалиштето мора тековно да се ажурираат во регистерот на животните кои се одгледуваат. Покрај тоа што идентификацијата и регистрацијата обезбедува точен увид во состојбата со стадото од сите аспекти и следливост при евентуални зарази, истата е предуслов за добивање на финансиска поддршка за мерките од делот на сточарството. Затоа секое поединечно грло на животно мора да биде соодветно обележано и регистрирано во пропишаното време, и во секој случај пред животното да го напушти одгледувалиштето во кое било родено, односно за: говедата 20 дена од раѓањето, и за овците и козите 6 месеци од раѓањето. Во рок од 14 дена од известувањето за раѓањето на животно од видот говеда, или доколку грлото е увезено во рок од 20 дена од внесувањето во Р Македонија, овластеното ветеринарното друштво издава пасош за животното кој одгледувачот е должен да го потпише по приемот. Не смеете да примените средство за идентификација (ушна маркица или друго) кое претходно било наменето или употребено за идентификација на друго животно.
Доколку е потребно според ветеринарните прописи, одгледувачот треба да ги изолира животните пред да ги внесе во одгледувалиштето за да му овозможи на овластеното ветеринарно друштво да ги прегледа и земе мостри за лабараториски испитувања.
Одгледувачот треба да го извести овластеното ветеринарно друштво за сите движења на животните во и од одгледувалиштето, како и за сите раѓања и смрт на животните во најкраток можен рок, но не подолго од седум дена од настанот. Одгледувачот не смее да овозможи напуштање на животните од одгледувалиштето без средствата за обележување, пасошот и сертификат за здравствена состојба. Покрај известувањето на ветеринарно друштво одгледувачот треба да води и тековно да го надополнува регистарот на одгледуваиштето, рачно или електронски, со сите податоци за одгледувалиштето и животните на него за промените кои настанале не одгледувалиштето во однос на движењата (купување и продавање на животни), раѓање или угинување на животните, како и за податоците од извршениот попис на животни за видивите животни за кои постои законска обврска (овци, кози, свињи и пчелни семејства).
При промет на грлата од одгледувалиштето, одгледувачот треба да обезбеди сертификат за здравствена состојба на животните кои ги доставува до овластеното ветеринарното друштво во рок од 3 дена од движењето, при што новиот сопственик е должен во пасошто да ги внесе податоците за себе и за своето одгледувалиште.
Средставата за идентификација на животните и пасошите може да бидат отстранети или заменети откако после известувањето на овластеното ветеринарно друштво во рок не подолг од 7 дена по настанот дека маркицата станала нечитлива, е оштетена или е изгубена, му биде издадена замена (дупликат на ушна маркица) која го има истиот код со ознака за редниот број на замената.