Јавниот повик се однесува на Мерка 3- инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.
Оваа мерка се однесува на инвестиции во следните приоритетни сектори:
-млеко и млечни производи,
-месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина),
-овошје и зеленчук (вклучувајќи компири, печурки и легуминозни култури),
-житарици, мелнички продукти и скроб,
-растителни производи и масла и маснотии од животни,
-шира, вино, оцет,
-производство на енергија преку погони за преработка и производи од животни од примарна и секундарна биомаса со исклучок на биомаса од рибини производи.
Не се прифатливи инвестиции во градежни работи: изградба, доградба, адаптација на објект.
Корисници може да бидат исклучиво правни лица регистрирани во Централниот регистар на РС Македонија и се наоѓаат на ранг на микро, мали и средни претпријатија.
Со оглед на тоа што станува збор за инвестиции во преработка на храна, сите корисници треба да бидат регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна или евидентирани заради промените предизвикани од засегнатите инвестиции во согласност со Законот за безбедност на храна до крајот на инвестицијата.
Повикот трае до 6 септември.
Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој Битола им стои на располагање на сите заинтересирани лица околу подготовката на целокупната документација.