Наводнување на растенијата со помош на СМС порака

Наводнување на растенијата со помош на СМС порака

Модерната технологија денес игра голема улога во исте производни дејности така што ниту земјоделството не е исклучок. Разни компјутерски програми и мобилни апликации со своите многубројни функции  го олеснуваат извршувањето на земјоделските активности овозможувајќи поголеми приходи и значителна заштеда  на време и намелена физичка активност.

Едно од таквите технолошки решенија е „Паметниот систем за наводнување“, кој се користи за далечинско контролирање на наводнувањето на обработливите површини.

Имено, овој систем е контролор за наводнување кој им овозможува на земјоделците далечински да го контролираат системот за наводнување од мобилен телефон. Покрај основните функции кои опфаќаат вклучување на наводнувањето и програмирање на неговото времетраење, овој систем има можност да ја мери влажноста на почвата, нивото на водата и да дава аларми за прекин на струја и ниска влажност на почвата. Исто така, постои опција за далечинско дозирање на прихрана преку системот за наводнување со помош на дозер пумпи.

„Во паметниот систем за наводнување се наоѓа  SIM картичка на која се испраќаат командите. Контролорот ќе реагира според добиената команда. Системот прима команди преку GSM мрежата и е поставен да врши одредена операција на секоја команда. По извршувањето на секоја команда што ја добива, системот му дава одговор на сопственикот за тоа што всушност се случува на парцелата, дали вклучува наводнување или проверка на влажноста на почвата. Слично е и со алармите што му ги дава на сопственикот, доколку се открие ниска влажност на почвата или има прекин на електричната енергија на парцелата, системот му испраќа СМС порака на сопственикот“, изјавува Лазар Јовановиќ, креатор на овој паметен систем.

Јовановиќ завршил студии по електротехника и компјутерски науки на Техничкиот факултет во Нови Сад и на тој начин се запознал со уреди за далечинска контрола  и управување. Според него, идејата за „Паметниот систем за наводнување“ произлезе од потребата да се обезбеди начин за наводнување на неговите насади со лешници. Имено, насадите се наоѓаат во неговото родно место, Мали Зворник, кој е на два часа возење од Нови Сад, каде што живее и работи.

„Идејата за овој систем се роди сосема спонтано. По засадувањето на лешниците, првиот логичен чекор беше да им се обезбеди наводнување. Бидејќи не можам физички да бидам присутен на парцелата, морав да најдам начин да ја работам оваа важна земјоделска работа од далечина. Значи, главната цел беше да се поштедам од многу важна работа за секој земјоделец, а наводнувањето секако е важен дел во циклусот на земјоделското производство. Кога ја споделив идејата со земјоделците со кои бев во контакт, на повеќето им се допадна, па решив тоа решение да го понудам на пазарот“, изјави Јовановиќ.

Лазар Јовановиќ со својот пријател почнал да имплементира систем за далечинско контролирање на наводнувањето преку СМС пораки. На системот почнаа да работат на крајот на 2015 година, а по три месеци ја добија првата функционална верзија. За нив било вистински предизвик да го применат стекнатото теоретско знаење и да ја спроведат оваа идеја во пракса.

Јовановиќ е победник на националниот натпревар „Future Agro Challenge Serbia“ за 2016 година, а овој триумф му овозможи учество во светското финале на ова натпреварување кое се одржа во Јоханесбург. Тој е и еден од победниците на натпреварот „Млади херои“, а признанието го доби за неговиот проект во категоријата „Претприемништво и креативни индустрии“.

„Натпреварите од овој тип се значајни бидејќи имавме можност од прва рака да слушнеме што мислат луѓето експерти, за примената на нашиот производ и неговиот маркетинг. Таму можевме да слушнеме добронамерни критики и насоки во која насока треба да се движиме. Исто така, ни дадоа одредена доза на самодоверба и ни послужија како поттик да не се откажеме од нашата идеја, која е клучна, особено за младите луѓе кои за прв пат го доживуваат развојот на нови производи и нивниот маркетинг“, изјави Јовановиќ.

За овој систем е забележан голем интерес, а нашол примена и во овоштарниците и оранжериите, како и во деловните згради, за мониторинг на резервоари и системи за наводнување зелени ѕидови. Ваквиот успех беше поттик за создавање на апликацијата „Smart Watering“ за мобилни телефони, која ќе биде достапна од оваа пролет.

„Оваа апликација, покрај далечинска контрола   со наводнувањето, собира и обработува податоци за парцелата и сите параметри кои се од интерес за земјоделскиот производител. Исто така, покрај програмирањето на наводнувањето, носи и можност за контрола на повеќе парцели од едно место, графикони за просечната и моменталната влажност на почвата на парцелите, дневник за наводнување со историјат и водомер, како и количината на прихрана коија растенијата ја добиле. Покрај овие можности, апликацијата има и можност за дневно и неделно повторување на наводнувањето на подолг временски период однапред, а нуди и увид во временската прогноза за седум дена, според која може да се планира наводнувањето, “ изјави Јовановиќ.

Овој млад претприемач оценува дека сè поголем број  земјоделци ги разбираат предностите што ги носи примената на информатичките технологии и се отворени за користење нови решенија.

„Сведоци сме на дигитализација на општеството, веќе нема сомнеж дека современите технологии најдоа своја примена и во земјоделството, се со цел да се подобри производството, да се зголеми квалитетот на земјоделските култури и приносите, а во последниот случај да се направи работите полесно за самиот производител. Според мене, спојот на технологија и земјоделство е речиси сигурен во блиска иднина“, рече Јовановиќ.

Поврзувањето на современите технологии и земјоделството, покрај сите поволности што ги нуди за земјоделците, претставува и можност за поголем број млади луѓе да се вклучат во оваа стопанска дејност. Употребата на современи технологии може да го промени начинот на кој се гледа земјоделството, да ги отстрани стереотипите и предрасудите што ги имаат младите за оваа дејност и да ги мотивира самите да се занимаваат со земјоделство.

Извор: Агромедиа