Појавата на штетници кај житните култури може да доведе до големи економски штети кај земјоделските стопанства. Во нашето поднебје познати се повеќе од 100 видови на инсекти кои ги напаѓаат житните култури.Меѓутоа само некои од нив нанесуваат поголеми економски штети. За таа цел во продолжение ќе ги опишиме најчестите инсекти кои се појавуваат кај нас и начин на сузбивање на истите.
Забрус (Zabrus tenebriodes)
Возрасниот инсект ги оштетува зрната на класот , а често ги нагризува и класовите. Ларвата која живее во почвата на длабочина од 40см, ноќно време излегува и се храни со младите лисја на пченицата.
Сузбивање – Задолжителен е преглед на површините кои се припремаат пред сеидбата. Забрусот се појавува со различен интезитет во различни години. Се појавува во подрачјата каде честа е појавата на несоодветно уништување на стрништата и потоа се прави плитко орање. Кај интензивната појава на овој инсект треба да се применат соодветна хемиска заштита.
Житни пивци (Anisoplia Spp.)
Воздрасниот инсект се појавува во периодот на формирањето на класот кај пченицата и го оштетуваат зрното. Со исхраната овие инсекти предизвикуваат испаѓање на зрното на земја и затоа штетите можат да бидет многу големи. Најактивни се за време на сончевите и топли денови, а се собираат на растенијата и крајните делови на парцелата. Ова треба да се знае доколку е потребно да се сузбива овој штетник.
Сузбивање – Преорување на крајните делови од парцелата, бидејќи во август женката на тие места ги полага јајцата и во тој период моќе да се уништат. Во случај на масовна појава на житните пивци се применува соодветен инсектицид.
Лема (Oulema melanopus)
Тоа е бубачка со плава боја , надвратникот и нозете се со портокалова боја, а главата и пипците се црни. Неговата должина достигнува околу 4мм. Ларвата е жолта и е покриена со црн слуз кој настанал од изметот.
Воздрасните инсекти се хранат со листот кој го гизат во вид на приуга. Ларвата исто така се храни со горниот слој на листот што доведува до појава на прозирни издолжени пруги. Лемата најчесто се јавува локално причинувајќи штети на одредени места.
Сузбивање – Една од превентивните мерки на сузбивање е длабоко орање при есенската обработка на почвата, каде што лемата се внесува во подлабоките слоеви на почвата и така се уништува. Кога има појава на интензивен напад на штетникот во текот на вегетацијата, основното сузбивање на ларвата се врши кога е утврдена 1 ларва по растение. Раното откривање на овој штетник може добро да се сузбие со третирање на крајните делови од парцелата , а при касно откривање треба да се третира целата површина со соодветен инсектицид.
Муви
На житните култури се јавуваат голем број на муви како што се: шведската, хесенската, жолтата, житната и други. Симптоми може да бидат свенатост на централниот лист кој пожолтува и се суши , бразда во дршката на класот, оштетен клас, млитаво растеније без клас, кревка дршка која слаб ветер може да ја скрши и разни други деформитети на растението со оглед дека ларвите се хранат со соковите на растението.
Сузбивање – Плитко заорување на стрништата заради уништувањето на ларвите.