Нови мерки за субвенционирање на јачменот,пченицата и оризот

Нови мерки за субвенционирање на јачменот,пченицата и оризот

Новите мерки за поддршка на земјоделците се подготвени во консултации со подсекторската група за жито. 

Со измени на Уредбата за директни плаќања е предвидена дополнителна субвенција, за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерка наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи, или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.

Преку измени во Програмата за директни плаќања кај мерката 7 зголемена е поддршката и рокот за предавање во складишни капацитети на производството од пченица и јачмен, кој наместо од 1 август, ќе почнува од 15-ти јуни и ќе трае до 1 септември 2023 година. Измената е со цел да се опфатат и оние земјоделци кои досега веќе го предале своето производство. Сите земјоделци кои ќе го предадат производството на складирање заклучно со 1 септември ќе можат да добијат финансиска поддршка за целиот период, додека количините се во складиштата, односно до крајот на годината. Преку измените кај оваа мерка се зголемува и финасиската поддршката која од 500.000 денари се згулемува на 1.500.000 денари по корисник.

Нова мерка за подршка е донесена и за проиводителите на ориз, менувајќи ја подмерката 1.2 од Уредбата за директни плаќања. Преку измените висината на дополнителни директни плаќања за ориз изнесува 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал, а 19.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал. Сите земјоделци кои имаат засеано површини со ориз, со сертифициран семенски материјал, доказите за набавка на истиот треба да ги достават до подрачните единици на МЗШВ, каде што имаат поднесено барање за финансиска поддршка, најдоцна до 14 јули.