Објавен е Јавен повик бр.2/2023 година за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2023 година.
Повикот се однесува за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година за Мерка 131: Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност и Мерка 131.1 Помош за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистар на задруги при МЗШВ.
Финансиска поддршка
Финансиската поддршка се однесува на направени прифатливи трошоци во период од 1јули до 31 декември 2022 година.
Финансиската поддршка се доделува во износ од 100% од вкупно направените прифатливи трошоци.
Поддршка за плата на управителот на земјоделската задруга која согласно пропишаните услови може да остварува право на помош од 100% во првата гдоина, од просечната плата исплатена во РСМакедонија за претходната година, со намалување од 20% за секоја наредна година во период не подолг од 5 години.
Финансиска поддршка за ангажирање едно лице од областа на земјоделските науки и ветерината, согласно со видот на земјоделската задруга во висина не повеќе од просечната плата исплатена во РСМакедонија. Финансиската поддршка е неповратна.
За условите и начинот на поднесување на барањата повеќе прочитајте ТУКА.
Крајниот рок за поднесување на барања е 15 април 2023 година.
СЦЗРР