Отворен е нов јавен конкурс преку Фондот за иновации и технолошки развој на ден 31.05.2023 година, за финансирање од инструментот за поддршка “Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации“.
Целта на инструментот за поддршка – Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации е да поттикне зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научноистражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации.
Преку овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка во максимален износ од 20.000.000,00 (дваесет милиони) денари
Прифатливи активности со овој конкурс се: истражување и развој, тестирање, активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост, дизајн, развој на пилот линии, активности поврзани со обезбедување квалитет, активности за маркетинг и продажба (насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот).
Финансиската поддршка е наменета за правни субјекти кои ги исполнуваат соодветните критериуми.
Рокот за аплицирање за јавниот конкурс за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновациите е до 10.07.2023 година, до 14.00 часот.
За повеќе информации на следниот ЛИНК