Овоштарникот во есен

Овоштарникот во есен

По завршувањето на бербата на овошјето овошниот насад се подготвува за следната производна сезона. Се врши проверка на садниците, се средува теренот, се проверува и конзервира опремата се прават пресметки.

Активностите во овоштарникот не завршуваат со бербата и складирањето на плодовите. Треба да се испланираат сите активности кои ќе овозможат овоштарникот подогтвен да ја започне следната сезона. Со заладувањето отпаѓа лисната маса кај овошките и тие влегуваат во  фаза на мирување.

Режење на овошките

Доколку дозволуваат временските услови може да се започне со режење на овошките. Станува збор за многу сериозна операција која треба да се направи внимателно и правилно. Од оваа активност во голема мера ќе зависат приносите во идната производна сезона.

Чистење на теренот

Пред да настапат ниските температури треба да се искоси тревата и грмушкасти растенија , доколку ги има. Тоа ќе му ја олесни работата на работницте кои ќе ги режат овошките.

Чистење на канали (ендеци)

Со природата никогаш не се знае како ќе ве изненади. Настапува период на в рнежи од дожд и снег. Не треба да се дозволи на водениот талог да се задржи на теренот во овоштарникот. Многу вода може да доведе до гниење на садниците. Да не дојде до тоа каналската мрежа треба да се исчисти од треви, грмушки, наноси за да може водата да се слева во неа. Доколку нема одводни канали добро е да се направат длабоки бразди во кои ќе се цеди водата.

Собирање на мрежи

Доколку овошниот насад располага со мрежи треба истите да се соберат. Доколку има некои оштетувања да се санираат. Внимателно собирајте ги мрежите и добро зацврстете ги.

Собирање на мрежи

Конзервирање на опремата

Доколку во овоштарникот е инсталиран систем капка по капка треба вентилите да се отворат и да се испушти водата од цревата. Да се извадат филтрите и да се исчистат. Доколку нема да се користи приклучната механизација, разни прскаллки, атомизери и сл.треба да се исчисти, да се провери и да се заштити и стави на суво место.

Производствен план за идната сезона

Направете сумирање на резултатите. Земете ги во предвид сите трошоци што сте ги направиле и приходите кои сте ги оствариле. Направете список на ставки ккои ќе ви бидат потребни за идната сезона. Доколку сте во можност испланирајте ги вашите идни инвестиции во земјоделското стопанство. За таа цел разгледајте ги мерките во програмите што ви се нудат како  што се ИПАРД и Програмата за рурален развој. Доколку не можете сами тогаш побарајте совет од стручни лица кои ќе ви помогнат вашето земјоделско стопнаство да има одржлив развој.

СЦЗРР