Организирани работилници за справување со влијанијата од климатските промени наменети за агро секторот и производителите на храна

Организирани работилници за справување со влијанијата од климатските промени наменети за агро секторот и производителите на храна

Еколошкото друштво БИГЛА Демир Хисар, започна со реализација на проектот „Подобрување на квалитетот на живеење во подрачјата со специјални развојни потреби во Пелагонискиот плански регион преку јакнење на свеста кај населението за заштита на животната средина и отпорноста кон климатските промени“, поддржан од Министерството за локална економија- Биро за регионален развој.

Започнувајќи од 21.05. до 27.05.2024 беа одржани шест работилници за производителите на храна од руралните подрачја на Општина Демир Хисар, а беа поканети и сите останати од Пелагонискиот плански Регион како и засегнати страни.

Работилниците опфаќаа голем број на теми кои ги засегаат земјоделците и компаниите кои произведуваат разни типови на прехрамбени производи.

Климатските промени, мерки за справување, одржливо земјоделство, енергетска ефикасност, зелени бизниси, циркуларна економија, разработка на бизнис модели, инвестиции, грантови шеми, кредитирања.

Комплексноста на обуките ги дадоа сите одговори на сите прашања на производителите и ќе помогне во подигање на квалитетот, технолошкиот развој и препознавање на иновации во секторот, со комплетно разработување и елаборирање како да се реализраат потребите и визијата кон највисоките стандарди и минимизирање на загубите и штетите, менаџирањето со ризиците и креирање на капацитет за искористување на програмите и моќностите кои се на располагање за овие производители.