Пепелница кај јаболката(Podosphaera leucotricha )

Пепелница кај јаболката(Podosphaera leucotricha )

Во последните години јаболката и останатите култури се соочуваат со предизвици предизвикани од климатските промени и појава на болести и штетници.  Како една од најчестите болести која се јавувa кај јаболкате е и  пепелницата (Podosphaera leucotricha).

За лесно справување и спречување на ширењето на пепелница кај јаболката (Podosphaera leucotricha) потребно е да се преземат соодветни мерки. За таа цел прво мора да ги знаеме симптомите и оштетувањата кои се јавуваат со појавата на болеста.

Симптоми

  • Млади гранки – покриени со бела обвивка, се развиваат побавно
  • листови – покриени со бела обвивка, потесни се, како листови од врба, што укажува дека се развиле од заразени пупки добиваат црвеникава боја и паѓаат, најподложни се на инфекција од 2-6 дена по излегувањето од пупката
  • цвет – инфицираните цветови се покриени со бела обвивка, најчесто се сушат
  • плодови – плодовите добиваат карактеристична мрежа

Оштетувања

  • индиректни оштетувања – намалена е асимилаторската површина, аномалии при растот, послабо цветање
  •  директно оштетување – инфицираните цветови остануваат стерилни, заразените плодови имаат лош изглед

Што треба да се преземе како превентивно, а што доколку се појави болеста?

Превентивно се преземаат агротехнички мерки односно, редовно режење и разредување на крошната на јаболкницата за да се подобри циркулацијата на воздухот и да се намали нивото на влажност.

Доколку веќе ја има болеста се врши отстранување и уништување на фатените делови од јаболкницата од болеста за да се спречи ширењето на болеста.

Превентивно се преземаат и биолошки мерки т.е. апликација на корисни микроорганизми на растението во форма на спреови или со аплицирање директно во почвата за да се воспостави заштитна бариера против болеста.

Како последна мерка при појавата на болеста се препорачува третирањето со хемиски препарати – фунгициди кои се специјално формулирани за болеста пепелница и овој третман треба да се изведува согласно упатствата за користење на препаратот дадени од производителот.

Како една од превентивните мерки која придонесува за успешно справување со климатските промени е и изборот на сорти на јаболка кои се отпорни и потолерантни на болести и избор на соодветна локација за садење.

Затоа при подигнување на нов насад препорачуваме да се консултирате со искусен агноном кој ќе ви помогне да направите вистински избор на садници, соодветна технологија за одгледување и одржување на насадот и добивање на повисоки приноси. Советодавен центар за земјоделство и рурален развој ви стои на располагање за вашето земјоделско стопанство го направите конкурентно и одржливо и да ја остварите вашата цел во земјоделското производство.