Пестицидите се хемиски препарати кои најголема примена наоѓаат во земјоделството. Земјоделците при нивното користење потребно е да се консултираат со стручно лице за тоа кога, како и колку од соодветниот пестицид треба да се примени, со цел истите да бидат функционални и нештетни за производите и околината. Еве што треба да се знае за нив.
Поделба на пестицидите
Под пестициди се подразбираат производи од хемиско или биилошко потекло кои се наменети за спречување, сузбивање и уништување на организми кои се штетни за растенијата, растителните производи и плодови, за дрвјата на отворено и затворено, како и за сузбивање и уништување на други штетни растенија и организми. Во однос на штетните организми, пестицидите се делат на три основно групи:
– хербициди – кои се наменети за сузбивање на зеленести и коренести плевели, алги, лишаи;
-фунгициди – кои се наменети за сузбивање на габичните предизвикувачи на растителни болести и
-инсектициди – наменети за сузбивање на штетните инсекти.
Подоцна се развиени уште неколку подгрупи како што се : акарициди, родентициди, нематоциди, алгициди и др. Растителното производство во светот, без примена на мерката заштита на растенијата и употреба на пестицидите се цени дека би изнесувало само околу 30% од потенцијалниот принос. Иако пестицидите се употребуваат и во шумарството и дрвната индустрија, како и во некои други индустрии, сепак тие имаат доминантна примена, околу 90% во земјоделството.
Што треба да се знае пред употреба на пестициди?
Токму затоа секој фармер, кој што користи средства за заштита, потребно е да знае основни информации за секој препарат поодделно:
– да се знае конкретната примена на препаратот,
– дадениот препарат да се аплицира во соодветната фенофаза од развојот на растенијата,
-да се третира со препорачаната доза и концентрација
– да се знае каренцата и работната каренца
– да се внимава на компатибилноста на препаратот со други препарати
– да се внимава на времето на третирање, како и на надворешната температура на воздихот.
Се препорачува секогаш кога тоа го дозволуваат временските услови, да се третира приквечер. За да биде третирањето ефикасно, а препаратите рационално искористени, потребно е фармерот да се информира дали препаратот реагира на пониска или повисока температура, дали препаратот делува и ретроактивно и најдоцна колку часа од почетокот на инфекцијата треба да се искористи за да има ефект, како и колку време пред евентуален дожд треба да биде третирано со избраниот препарат. Препораката е секогаш внимателно и доследно да се следат препораките од упатството, но и да се консултира стручно лице.
СЦЗРР