Потребни документи за поднесување барања за исплата на плати на одгледувачи на овци кози и говеда

Потребни документи за поднесување  барања за исплата на плати на одгледувачи на овци кози и говеда

Во тек е јавниот повик за поднесување на документи за барање финансисак поддршка за плати на одгледувачи на овци, кози и говеда. Повикот трае до 14 октомври 2022година и еве кои документи треба да ги доставите до АФПЗРР:

  1. Потврда дека правното лице нема забрана за вршење на дејностод Централен регистар не постара од 1 месец
  2. Потврда дека одговорното лице на правното лице нема забрана за вршење на професија, дејност или должност од Централен регистар не постара од 1 месец
  3. Тековна сосотојба од Централен регистар не постара од 1 месец
  4. Доказа за платени даноци од Управа за јавни приходи не постара од 1 месец
  5. Декларација за прием на пресметка на плати заверена од банка
  6. Извод за направени трошоци за чување и напасување на добитокот на пасите по вработено лице заверено од банка
  7. Копија од М1/М2 образец заверена на нотар или договор за заснован работен однос
  8. Изјава од подносителот на барањето дека бројот на одгледувачите ќе остане ист најмалку 1 година од исплатената поддршка
  9. Решение за упис во ЕРЗС не постаро од 1 месец од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство
  10. Копија од РБО
  11. Договор за користење на пасишта со важност во 2021 година или Имотен лист/Договор за закуп на земјиште и прилог имотен лист за КП –ливади, пасишта не постар од 3 месеци (катастар).

Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој Битола на сите заинтерсирани лица им стои на раполагање околу средувањето на документацијата и поднесувањето на барањето за исплата .

За повеќе информации може да ни пишете на електронска пошта kontakt@sovetodavna.mk или јавете се на телефоните 070/934 439; 076/749 833.

Одберете го најдоброто решение за вашиот бизнис!

СЦЗРР