Според Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година субвенциите за одржување лозови насади за 2023 година изнесуваат 12 000ден/ха, а за произведено грозје 28 000 ден/ха
1.12.Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади
-корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат површина под лозови насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства,
-Минималната површина под лозови насади е 0,2 ха, а минималниот потребен број на садници е 1389 садници по хектар, за лозови насади подигнати до пролет 2022 година,
-Висината на директните плаќања изнесува 12 000 ден по ха за сите лозови насади и
-Висината на поддршката од алинеја 3 од оваа под мерка се намалува со зголемување на пријавенит површини и тоа:
од 0,2ха до 10ха 100%
од 10ха до 30ха 60% и
бад 30 ха 30% збирно за сите сорти.
1.13. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за остварено производство на грозје
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопнаства кои се корисници на подмерка 1.12 од уредбата, а оствареното производство на грозје е предадено на регистриран откупувач вклчучитечлно и произведеното грозје за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или производството е користено за домашни потреби или продадно на пазар,
-Висината ма дополнителните директни плаќања изнесува 28 000 ден по ха и
-Висината на поддршката од алинеја 2 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа:
Од 0,2ха до 10ха 100%
Од 10ха до 30ха 60% и
Над 30ха 30% збирно за сите сорти.
СЦЗРР