СЦЗРР на фестивал “Млеко 2022“ во Прилеп

СЦЗРР на фестивал “Млеко 2022“ во Прилеп

Под мотото „Како да се „бие“ млекото?“ денес во Прилеп се одржа фестивал „Млеко 2022“ .Станува збор за еднодневен настан посветен на млекото и млечните производи.

Настанот е можност да им се даде видливост на младите млекари, малите семејни сточарски фарми и нивните се повеќе уникатни сирења и млечни производи.

Целта  е  преку примерот на автентичното биено сирење,  кое ја отсликува нашата традиција и историја, да се отвори дебата за важните прашања околу иднината на нашето сточарство и млекарство.

Панел сесија за брендирање

Каква е патеката на сирењето од пасиште до трпеза? и

Како да го валоризираме биеното сирење, пред да го изгубиме? – се насловите на двете панел дискусии кои треба да помогнат  во изнаоѓање на прифатливи решенија со чија помош производителите на  сирење ќе ја сочуваат наштата традиција преку продажба на брендирани сирења.

Моцарела

На настанот присуствуваа локални производители кои  имаа можност да ги промовираат своите производи: разни видови на сирења, зимница, тестенини, козметички производи, вина и др.

Производители на мед
Бело сирење

На фестивалот „Млеко 2022“ со свој штанд се престави и Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој од Битола. Овој центар  како советодавна приватна компанија им стои на располагање на сите производители околу реализирањето на нивните  идеи. На овој настан посетителите имаат можност да се запознаат со работата на овој центар. Можеа да се информираат како нивните идеи може да станат реален бизнис.

Гордана Цветаноска

Организатор на настанот беше  Slow food Прилеп и Slow food Makedonija   кои го реализираа со поддршка од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, општина Прилеп и други спонзори поддржувачи на фестивалот.

СЦЗРР

СЦЗРР