Хигиенските практики за време на молзење на животните се основа за добивање на безбеден производ. Овие практики опфаќаат одржување хигиена на животните, на опремата како и лицата што го извршуваат молзењето.
За млекото да биде исправно за исхрана на луѓето секој производител мора да исполни одредени хигиенски практики – мерки кои ќе ја гарантираат безбедноста.
Основни хигиенски практики
За време на молзењето мора да се направат неколку основни чекори кои ќе придонесат кон безбедно сурово млеко.

- Пред да се започне со молзењето задолжително треба да се исчисти вимето и околните делови
- Пред молзењето молзачот треба да го испушти првиот млаз и органолептички да го прегледа млекото и да види дали има некои несвојствени промени. Ова може да се провери и со кондуктометар или други анализатори кои се поставуваат на системите за молзење. Млекото кое покажува било какви абнормалности не смее да се употребува.
- Ако животното покажува знаци на болест, тоа животно треба да се изолира, а измолзеното млеко не смее да се користи за исхрана на луѓе. Ова млеко може да се користи исклучиво во консултација со ветеринарен лекар.
- Сите животни кои биле под некаков медицински третман треба да се молзат одвоено од другите и таквото млеко не се користи за исхрана на луѓето. Периодот на каренца го пропишува ветеринарниот лекар. Ваквото млеко може да содржи резидуи од антибиотици или други препарати.
- Средствата кои се користат за дезинфекција на боските мора да се одобрени од управата за Ветеринарство.
- Млекото веднаш по молзењето треба да се складира на чисто место и да се излади на температура не повисока од 8°Сако се собира истиот ден. Ако се собира по неколку дена се лади на температура не повисока од 6°С.
- За време на молзењето и за време на собирањето на млекото треба истото да се заштити од надворешна контаминација. Во близина каде се извршува молзењето треба да има лавабо со топла вода со дезинфекциони средства каде молзачот може да ги мие рацете и чиста крпа за бришење на рацете.
Сите овие хигиенски практики оваозможуваат производство на безбедно млеко и гарантираат сигурен производ на пазарот со млеко.
СЦЗРР