Агенцијата за финансиска подршка во земјодлеството и руралниот развој го објави првиот јавен повик во оваа година од ИПАРД – 2 програмата. Повикот се однесува на „Мерка 3 за финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.
Финансиската поддршка за овој јавен повик изнесува вкупно 5.028.568 евра, односно 75% средства обезбедени преку ИПАРД програмата и 25% средства обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија. Заедно со инвестициските средства од страна на корисниците вкупниот инвестицкиски фонд за оваа мерка изнесува 10 милиони евра.
Финансиските средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, (грант) во износ до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите. Рокот за аплицирање по оваа мерка од ИПАРД програмата е до шести септември 2022 година. Повеќе информации прочитајте на следниот линк.