Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик бр.2/2022 за доставување на барања за исплата на средства од Програма за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2022 година.
Право на користење на средства по мерка 1.8 имаат концесионери на риби од риболовни води. Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник е:
-до 30 000 денари за заштита на риболовните резерви и рекреативни зони,
-до 150 000 ден за заштита на риболовни зони,
-до 400 000 ден за заштита на риболовни подрачја.
Право на користење на средства по мерка 2.2 имаат субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник и субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби во МЗШВ. Максимална вредност на прифатливи трошоци се: 40% од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок.
Повеќе информации за јавниот повик може да прочитате на следниот ЛИНК. За било каква информација и средување на документацијата обратете се во СЦЗРР Битола.