Се овозможуваат до 10.000 евра по корисник за набавка на опрема за производство на храна, како и за ангажирање на стручно лице, технолог. Крајниот рок за доставување на барањата е 25 дена, почнувајќи од денес.
ПРЕДМЕТ
Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 282/22), раздел 14001 – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 – Земјоделство и рурален развој, потпрограма 34 – Рурален развој, ставка 489 – Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 17.500.000 денари кои ќе се користат за доделување на неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на храна од животинско потекло.
ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ
Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства:
– запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: Министерството) и
– се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од животинско потекло, согласно Правилникот за барањата за условите и хигиена за производство и ставање во промет на храната од животинско потекло наменета за директно снабдување, локализирана активност, во географски или економски ограничувања, како и општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики за храна од животинско потекло(Службен весник на РСМ 144/2019) во Агенцијата за храна и ветерина (во натамошниот текст: Агенцијата)
За докажување на условите кои треба да се исполнат за учество на јавниот повик, кон Барањето (Прилог 1) корисниците задолжително треба да ги достават следните документи:
За правни лица:
- тековна состојба издадена од Централниот регистар не постара од еден месец;
- доказ од Централен регистар на Република Северна Македонија дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка не постар од еден месец;
- доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки не постар од еден месец ;
- изјава заверена на нотар дека не користел средства од други извори за иста намена и активности наведени во барањето што би значело двојно финансирање на истите намени и активности од различни извори (Прилог 2);
- деловен план (Прилог 3);
- понуда/профактура за планираната опрема (минимум три понуди од различни понудувачи за истиот тип на наведени планирани трошоци во деловниот план) и
- договор за користење на услуги од стручни лица (доколку барателот предвидува користење на таква услуга), освен во случај кога правното лице има вработен технолог
За физички лица:
- копија од важечка лична карта;
- доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки не постар од еден месец;
- изјава заверена на нотар дека не користел средства од други извори за иста намена и активности наведени во барањето што би значело двојно финансирање на истите намени и активности од различни извори (Прилог 2);
- деловен план (Прилог 3);
- понуда/профактура за планираната опрема (минимум три понуди од различни понудувачи за истиот тип на наведени планирани трошоци во деловниот план);
- легитимација за регистарски број на одгледувалиште (РБО) издаден од Агенцијата за храна и ветеринарство и
- договор за користење на услуги од стручни лица (доколку барателот предвидува користење на таква услуга).
Проверката во регистарот на Агенцијата и регистарот на Министерството, по службена должност ја врши комисијата за постапување по поднесените барања за доделување на финансиска поддршка.
Право на учество немаат субјектите кои се регистриани со пчелни семејства во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството и се регистрирани како производители на мед и производи од мед во Агенцијата за храна и ветерина, субјекти регистрирани како производители на вино во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и субјекти кои се евидентирани како производители на пиво и жестоки алкохолни пијалаци во регистрите на Царинската Управа.
РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА
Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 25 дена од денот на објавување на јавниот повик. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
ВИСИНА НА НЕПОВРАТНАТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ за следните намени:
– трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90% и/или
– трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.
НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО
Финансиската поддршка согласно овој јавен повик и Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година (во натамошниот текст: Програмата), се остварува со поднесување на Барање до Министерството за неповратна финансиска поддршка, дадено во Прилог на овој јавен повик. Барањето се доставува во еден оригинален примерок во писмена форма заверен и потпишан од страна на барателот. Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно Програмата.
Барањето заедно со документите од делот II на овој Јавен повик се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот.
На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „за јавен повик прибирање на барања за финансиска поддршка за земјоделски производители на храна од животинско потекло од Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година“.
Барањето, деловниот план и изјавата за двојно финансирање, за неповратната финансиска поддршка од Програмата се во прилог на повикот и може да се обезбедат преку веб страната на министерството : www.mzsv.gov.mk.
Приложената документацијата не се враќа.
Повеќе информации за производители од животинско потекло прочитајте на следниот ЛИНК,
За производителите за неживотинско потекло прочитајте повеќе информации на следниот ЛИНК.
СЦЗРР