5 чекори за прибирање  понуди за ИПАРД инвестиции

5 чекори  за прибирање  понуди за ИПАРД инвестиции

За секој ИПАРД проект барателот на средствата треба да изготви покана за понуда до производител/добавувач од каде што планира да набави  стоки/услуги предвидени во  инвестицијата.  За да можат потенцијалните корисници од оваа програма полесно да ги приберат понудите за идните инвестиции кои ги планираат треба правилно да состават покана за прибирање на понуди.

5 чекори за прибирање на понуди

1. Основни елементи на секоја покана која ја доставува потенцијалниот барател се:

  • Име/назив на испраќаќот на поканата за понуда (барателот)
  • Адреса
  • Место
  • Телефон
  • E mail адреса
  • Број на јавен повик
  • Датум на испраќање на поканата и
  • Печат и потпис

2.Пополнувањето на овие податоци може да биде рачно или на компјуетер. Испраќањето на понудата може да биде преку пошта, електронски  или директно до добавувачот. Покрај  основни податоци секој потенцијален барател треба да знае кој тип на стоки/услуги му е потребна. Врз основа на тоа  добавувачот/производител  треба да  му даде соодветна понуда. За да биде изготвена понудата согласно потребите  на потенцијалниот корисник треба барателот да достави податоци како што се:

  • Барана опрема/услуги/ машини/др.производи
  • Потребни карактеристики на бараните машини/ опрема
  • Марка
  • Количина
  • Модел
  • Капацитет
  • Моќност
  • Дополнителни информации

3.Доколку се работи за инвестиции за изградба на објекти тогаш барателот треба да го достави во прилог основниот проект заедно со предмер пресметката за потребните матријали и количини во изградбата.

4.Понудите треба да се од независни понудувачи и барателот да нема поврзаност со истите. Кога треба да се прибават понуди од 3 различни добавувачи треба да бидат споредливи т.е. со слични спецификации

5.Општите трошоци може да бидат направени пред почнувањето на инвестицијата и истите треба да бидат реализирани со склучен договор со јасно утврдена спецификација за дадените услуги. Во општо трошоци спаѓаат изработка на деловен план, изработка на технички предлог проект, изработка на проектна документација, надоместок за консултантски услуги, изработка на физибилити студии, техничко технолошки студии, патентни права, лиценци, студии за животна средина и др. оправдани трошоци.

Ова се 5 чекори за прибирање понуди, но напоменуваме дека сите трошоци кои се поврзани со консултантски услуги се кофинансирани  од страна на ИПАРД. Доколку не сте во можност сами да ги подготвите поканите или понудите тоа за вас може да го сторат искусни лица од Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој  „Триумф консалтинг“ Битола. Овој советодавен центар  е приватна компанија која има искуство во подготовка на документи и поднесување на апликации.Секогаш одберете го најдоброто решение за вашиот бизнис!

За повеќе инофрмации контактирајте на: kontakt@sovetodavna.mk

Активности во пчеларникот во рана есен 10 совети како да изберете земјоделска опрема и механизација