Објавен јавен повик за подигнати повеќегодишни насади

Објавен јавен повик за подигнати повеќегодишни насади

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави повик од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2024 – мерка 121.1 Подигнување на нови повеќегодишни овошни и лозови насади, повеќегодишни насади со ароматични растенија и медоносна флора на нови површини.

Максималната вредност на прифатливи трошоци за оваа мерка е 600 000 денари по поединечен корисник.

Корисници може да бидат земјоделски стопанства запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство согласно закон за Земјоделство и рурален развој и кои во периодот од 01.05.2023 до 31.12.2023 година подигнале долгогодишен насад на нови површини.

Принципот на кофинансирање се исплаќа на завршени инвестиции од страна на корисникот, а ставката на кофинансирање е 50% од направените прифатливи трошоци.

Ставката на кофинансирање се зголемува во случаи кога подносителот е млад земјоделец, врши земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности и инвестицијата е во недостапни рурални заедници. Максималната стапка на кофинансирање е 75%.

Барањата за исплата се поднесуваат електронски преку порталот e-baranje.ipardpa.gov.mk .

Крајниот рок за доставување на барањата е 31.05.2024 година.

Повеќе информации за повикот може да најдете ТУКА во делот активни повици.

За успешна подготовка и поднесување на барањата за исплата обратете се до Sovetodavna.mk и направете го вашето барање професионално.

Контакт: kontakt@sovetodavna.mk или 072/252-263