АГРИМАК прв земјоделски потсетник и корисни алатки за секој земјоделец

АГРИМАК прв земјоделски потсетник и корисни алатки за секој земјоделец

Сакате да бидете навремено информирани за секоја програма, оглас или повик не чекајте регистрирајте се уште денес и добивајте преку СМС порака бесплатни инфомации за сите објавени огласи и повици. АГРИМАК е првата земјоделска платформа која ви нуди бесплатно многу можности за полесно управување со вашето земјоделско стопанство.

Земјоделски потсетник: Во моментот е активен земјоделскиот потсетник АГРИМАК кој на лесен и едноставен начин во само неколку чекори може да се регистрирате и да заборавите на пропуштените огласи и повици кои се значајни за ваштето земјоделско стопанство.

Земјоделски калкулатор: Очекувајте го во блиска иднина земјоделскиот калкулатор АГРИМАК и кажете им збогум на претпоставките! Нашиот моќен калкулатор ќе ви помогне да го оптимизирате планирањето на културите, распределбата на ресурсите и да ги максимизирате вашите приноси.

Апликација за мониторинг на земјоделското стопанство: Очекувајте ја новата апликација АГРИМАК со која ќе имате податоци од вашата фарма во секое време, насекаде! Со оваа апликација ќе можете ефикасно да ги планирате, следите и оптимизирате земјоделските активности вклучувајќи и алатки за планирање на културите, анализа на почвата, распоред за наводнување и управување со штетници. АГРИМАК ќе користи вештачка интелигенција (AI) за генерирање на извештаи врз основа на податоците од фармата, кои ќе може да ја подобрат продуктивноста на стопанството и да бидат искористени и за програмите во земјоделството.

Социјална мрежа за земјоделци: АГРИМАК вклучува посветена социјална мрежа за земјоделците, поттикнувајќи соработка, споделување знаење и градење заедница. Земјоделците ќе можат да се поврзат со други нивни колеги со ист или сличен интерес, да разменуваат искуства или побараат совети за различни земјоделски теми. Платформата исто така ќе го олеснува формирањето на локални земјоделски групи за колективна поддршка и споделување ресурси.