Аплицирање за дополнителни директни плаќања за предадени градинарски и овошни култури и грозје

Аплицирање за дополнителни директни плаќања за предадени градинарски и овошни култури и грозје

Во тек е аплицирањето за дополнителни директни плаќања за предадени градинарски и овошни култури во регистрирани преработувачки капацитети и за произведено предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, соопштуваат од АФПЗРР.

Аплицирањето се врши електронски. Советодавен центар за земјоделство и рурален развој Битола им стои на располагање на сите земјоделци околу подготовката на квалитетно барање.

Дополнителни директни плаќаања за градинарски култури

Корисници на дополнителни директни плаќања за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети се земјоделски стопанства кои имаа засадено површини со градинарски култури и оствареното производство го предале во преработувачки капацитет за зеленчук директно или преку еден регистриран преработувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот за откупувачи на земјоделски производи. Висината на дополнителната финансиска поддршка е 3 денари по килограм за сите градинарски култури.

Дополнителни директни плаќања за овошни култури

Корисници на дополнителни директни плаќања за овошни култури предадени во преработувачки капацитети се земјоделски стопанства кои имаа засадено површини со овошни насади и тоа со следните овошни видови: вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и оствареното производство го предале во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран преработувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и произведените овошни култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот за откупувачи на земјоделски производи. Висината на дополнителната финансиска поддршка е 3 денари по килограм.

Дополнителни директни плаќања за грозје

Корисници на подмерката за произведено предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија се земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство на винско грозје од реколта 2022 година го предале во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет регистриран за производство на вино во Република Северна Македонија. Висината на дополнителната финансиска поддршка е 2 денари по килограм.

Аплицирањето е електронски, а крајниот рокј е до 25 декември 2022 година. Советодавен центар за земјоделство и рурален развој Битола им стои на располагање на сите заинтересирани лица околу изготвување на барањето и самото аплицирање.

Посетете не во канцеларијата во Старата Битолска чаршија секој ден  од 9-16 часот, во сабота од 9 – 14 часот.

СЦЗРР